Што нема да те убие, ќе ти направи бицепси

Тренинг со инспирација од БиБиСи

Совети од БиБиСи за паметно вежбање, или барем за почнување со вежбање ако ништо друго. Како што доликува на БиБиСи секој совет им се базира на некое издржано научно истражување.

1. Вежбањето го подобрува вашиот коефициент на интелигенција
Децата кои пешачат до училиште подобро се концентрираат и добиваат подобри резултати на тестовите; постарите луѓе кои умерено вежбаат, за половина ги намалуваат шансите од когнитивни пречки.

Објаснувањето за ова е дека дополнителниот доток на крв во мозокот го стимулира растот на неврони и го поттикнува ослободувањето на одредени невротрансмитери и хормони за раст кои се клучни за севкупното здравје на мозокот.


2. Психологијата на музиката за вежбање


Ставот на вежбачите е дека музиката за вежбање им помага да се намали напорот и да се зголеми издржливоста.

Ставот на науката е дека причината за ова е во мозокот а не во мускулите, односно дека музиката преку центрите на мозокот задолжени за движење на мускулите го испраќа ритамот на музиката до мускулот кој сакаме да го активираме, што помага во тајмингот на нашите движења.


3. Дали грчевите се предизвикани од недостаток на сол?


Целата оваа тема останува мистерија затоа што грчевите е тешко да се предвидат, и е уште потешко истата болка да се клонира во лабораторија.

Студиите врз играчи на американски фудбал покажуваат дека е грчевите е поверојатно да се случат на топло време, што одговара на теоријата за недостаток на сол и губење сол преку пот. Проблемот е што спортистите имаат грчеви и на ладно време.

Јужноафриканците студираат грчеви кај маратонци и заклучуваат дека нивоата на натриум не прават речиси никаква разлика кај нив. Советот е ако имаш грчеви, истегни се, и нема никаква потреба од дополнителни нивоа на натриум.


4. Дали истегнувањето пред или после вежбање е неопходно?

Идејата е дека тегнењето ги спречува повредите. Две студии на темава покажуваат дека ова баш и не е точно. Според авторот на една од студиите, ако ти се тегне слободно продолжи да го правиш тоа, ама веројатно нема да ти помогне.


5. Дали специјални патики за трчање спречуваат повреди?

Доказите за бенефитите на специјални патики кроени по твојата нога се толку минимални што се сметаат за мит. Дури и доказите дека трчањето на тврди подлоги предизвикува повеќе повреди исто така се слаби. Меѓутоа производителите на патики и понатаму се обидуваа да произведат патики заради ваша подобра потпора и спречување на повреда.


6. Дали некогаш ќе истрчаме 100 метри под 9 секунди

Луѓето што го истражуваат ова објаснуваат дека за најголемиот дел од трчачите брзината е одредена од тоа колку сила можат да наметнат врз земјата, заради што има две опции за зголемување на брзината или посилно да се стапне на патеката или оваа сила да трае подолго време. Во сите овие пресметки клучен мускул е листот на ногата, кој одредува колку сила можат да употребат трчачите.

Инаку, процената е дека се уште го немаме достигнато својот максимум.


7. Дали вежбањето навистина помага кај депресија?

Анализа на 30 студии од најразлични земји во светот, заклучува дека вежбањето има позитивно влијание на луѓето кои страдаат од депресија, ама ефектот е многу, многу мал.

23 јануари 2016 - 18:57