Градските власти на Лос Ангелес забранија спиење во автомобили во близина на резиденцијални квартови, паркови и училишта, наспроти негодувањата дека со една ваква одлука само се криминализираат луѓето кои немаат свој дом.
Со ова градот практично се обидува да ги тргне ваквите луѓе од погледот на нормалните луѓе бидејќи на бездомниците ќе им се дозволува ноќе да преспиваат во автомобил во индустриските делови од градот.
Одлуката се правда со санитарни и безбедносни причини а и бучавата на овие луѓе им пречела на останатите.
Со ваквиот закон за ноќен полициски час за преспивање во кола се менува стариот закон од 1983 со кој беше забрането живеење во превозни средства. Градоначалникот не се произнесе дали ќе го потпише ваквиот закон кој доаѓа по одлуката на гласачите да поддржат 1,2 милијарди долари вредна иницијатива за изградба на социјални станови.