Се чини дека последниве години Америка е во хистерија по храната. Интересот за неа никогаш не бил толкав како сега за што сведочи популарноста на бројните Top Chef, MasterChef,Cake Boss, целиот Food Network, инстаграм манијата да се слика она што се јаде.
Еден од апостолите на овој фетиш сигурно е свеждерот Ентони Бордеин. По него, Америка не открива ништо ново, туку само полека ја стигнува Европа. Меѓу два залака паста со болоњезе сос во еден мал ресторан на Менхетн, Бордеин објаснува како тој гледа на целата оваа "револуција"
За неговата книга Kitchen Confidential (рецензија на книгата имате во нашата "Букбокс читанка") и зошто таа стана толку популарна.
Не го планирав тоа, но на некој начин книгата им даде сила на бројни вредни готвачи на храна кои никогаш нема да бидат ѕвезди ниту пак ќе се појават на телевизија. Со текот на годините на оваа каста им се зголеми самодовербата, почнаа да се идентификуваат како група со посебни карактеристики. Како што тоа го имаат пожарникарите: "Ние сме пожарникари и другите се небитни". А многумина книгата ја засaкаа од погрешни причини. Како сигнал дека е ок да се сјебеш со алкохол и дрога и да отидеш на работа.
Причини за популарноста на емисиите кои се занимаваат со храна.
Носталгија. На луѓето има фали "домата". Многу луѓе дојдоа од селата во градовите и мрежите како Food Network им се како гнездо. Го потсетува на семејниот живот, на заедничкиот ручек кој можеби никогаш и го немале. Но, денес во емисиите никој не готви храна. Претежно се натпревари, риалити шоуа. И таму кај што има некаква храна, побитна е драмата, личноста....
За манијата на инстаграмирање на она што се јаде.
Многу готвачи се бунат кога тоа некој го прави во нивниот ресторан ама и самите сликаат кога ќе отидат на друго место. А за споделувањето на таквите фотки? Срање. Сè се сведува на тоа да ги сјебеш другите со она што го имаат за јадење, во однос на тебе.
За промената на американскиот однос кон храната.
Америка го открива она што Стариот континент го знае одамна. Кога ние бевме мали, ќе отидевме на кино а после ќе отидевме на вечера каде што јадевме и го раскажувавме филмот. Денес јадеме и зборуваме за она што го јадеме. Тоа Италијанците го прават со векови.
Пресвртни точки во таа промена?
Кога Американецот реши дека сировата риба е пожелна. Огромна работа! За него не постоеше ништо поодвратно од жива риба. И добро е што денес сè повеќе луѓе го сакаат своето суши малку старо. Сфаќаат дека најдрагоцениот дел на сушито не е неговата свежина туку оној "сладок момент на расипување". Денес проширувањето на хоризонтите го прави корејската храна. Луѓето почнуваат да јадат џигери и бубрези, до вчера тоа не можеа да го смислат И прасечки уши! Тие се денес тотално хипстерски.
Дали манијата по храна е оригинална културна револуција како што беше рокенролот или е пак само бран што ќе помине?
Ако таа има нешто заедничко со рокенролот, тоа е чувството дека некој ти се обраќа. Кога ќе слушнеше нова плоча и музиката ќе те погодеше, си викаш: "Вау! Ова е направено за мене!" Па почнуваш да го читаш омотот и да бараш детали и други пораки за тебе. Исто е и со храната.
За јадењето различна храна на различни континенти.
Без разлика дали е тоа Саудиска Арабија, Палестина, Либија, Борнео или Конго - секаде ти ја нудат својата храна со отворени очи, жедни да слушнат што мислиш за неа. Можеш да одбиеш и да кажеш: "Ок, ќе го прескокнам ова", ама после тоа, тие луѓе нема ништо да ти кажат. Ако им ја одбиеш храната, го одбиваш она што длабоко го сакаат, ја одбиваш нивната мама која ги хранела со тоа.
Најзезнато место на кое снимал.
Конго! Минимум два пати на ден некој ќе те опљачка, ќе ти се закани, ќе те малтретира. Постоеа 29 различни локални милиции, сите спремни за спектакуларни злосторства. А најлошо сценарио беше ако наидат добрите момци - ако се појавеше војската или полицијата, си наебал.
Дали има нешто од што се плаши да закачи јадејќи сешто?
Dracunculiasis.Црв кој може да порасне 180 сантиметри, ти шета поd кожа, одвреме навреме знае да појави глава и пак да се пикне внатре. И те тера нон-стоп да се бањаш (бидејќи во вода ги пушта ларвите и се размножува). Ужас.
За финтитe на познати режисери кои сака да ги вметне во своите емисии.
Со мојата екипа обожаваме да крадеме филмски ракописи на наши омилени режисери. Имаме многу од Теренс Малик, од раниот Родригез, од Содерберг. Уживаме да го правиме тоа.
За она што го јадел за време на разговорот:
Немаш претстава колку уживав во оваа паста со едноставен болоњезе сос. Eдноставни добри работи. Како што секогаш ќе биде добар 'Jumpin' Jack Flash' или сексот.