Еден од овие научници е Даниел Гартнерберг, професор по био-бихејвиорално здравје на Пенсилванија стејт Универзитетот, и човекот кој би да ги расипе сите оние фино усталени мудрости околу сонот, како тоа дека за викенди можеш да го надополниш спиењето што си го изгубил во текот на неделата, или дека можеш да минеш со 4 часа сон навечер, дека голтка (или неколку) виски помага за подобар сон, па и тоа дека 8 часа спиење на ден се совршени.
Гартнерберг прво објаснува дека секој организам на планетава спие, на свој начин, и тоа е клучно за нас по три основи: ја зачувува нашата енергија, помага во обновување на клетките и помага во обработување и разбирање на околината.
Тој ја проучува последната ставка, која во основа опфаќа обработка на сите податоци со кои сме се сретнале во текот на денот, и нивно рангирање според тоа колку се важни за твојот опстанок.
Додека целото репарирање на телото се случува во фазата на длабок сон, гореспоменатата обработка на информации се одвива во РЕМ фазата. На секој од овие процеси му требаат посебен термин за време на спиењето бидејќи тие не се одвиваат паралелно.
Иако останува препораката за 8 часа сон, штелувањето на Гартнерберг на ова правило е заради научно воспоставениот стандард дека луѓето кои немаат проблеми со спиење околу 90% од времето во кревет го минуваат во спиење, што значи дека спијат само 7,2 часа. Затоа Гартнерберг советува дека треба да се спие најмалку 8,5 часови, за да ја исполниш потребната квота сон.
На прашањето од новинарот на Кварц, „навечер спијам по 6 - 7 часа, ама добро се чувстувам добро,“ Гартнерберг одговара:
„Точно. Тоа е како феноменот со рибата и аквариумот: рибата не знае дека е во аквариум, а уште помалку дека е во вода. Исто, кога си лишен од спиење, истражувањата покажаа дека не можеш да утврдиш дека си лишен од спиење.“
Тој има три препораки за подобро спиење: ладна и тивка околина без никакво светло.
Гартенберг има и ТЕД говор за длабок сон: