Лицата кои спиеле 5 часа или помалку на возраст околу 50 години имале 30% поголеми шанси за закачување повеќе болести отколку оние кои спиеле барем седум часа.
Кај оваа група пократкиот сон исто така бил поврзан и со повисок ризик од смрт, главно поврзан со зголемен ризик од хронични болести.
Тоа што научниците не се сигурни, не од оваа студија, туку општо, е зошто воопшто спиеме, ама па знаат дека спиењето помага мозокот да ги обработи сеќавањата и е добро за расположението, концентрацијата и метаболизмот. Плус, ова му е шанса на мозокот да се „отараси од отпадот“.
Препораките за добар сон, меѓу другите, се: уморување во текот на денот и постепено „гасење“ до пред заспивање; избегнување дремки во текот на денот; легнување без телефон / таблет; елиминирање кофеин или алкохол пред спиење; фокусирање на дишењето.