„Има три причини базирани на познати психолошки ефекти за тоа зошто нашите сонови ни се толку интересни.
Првиот е пристрасноста кон негативните работи, што нè тера да обрнуваме внимание на опасни работи. Затоа што најголемиот дел од соништата се негативни, нашата пристрасност во корист на негативните информации прави истите да ги чувствуваме дека се важни.
Второ е емоционалната страна на сонувањето - затоа што голем број од соништата се емоционални, оставаат чувство дека се важни кое не може да им се долови на луѓето што само ќе чујат за нив, без да ја почувствуваат емоцијата.
Третата работа е дека иако тоа што го сонуваме го сметаме како нешто сериозно чудно, во реалноста околу 80% од соновите прикажуваат обични ситуации, само е многу поверојатно да ги запаметиме чудните сонови отколку обичните. Информациите што не ги разбираме често пати можат да ја возбудат нашата љубопитност, посебно во присуство на силна емоција. Исто како и кога некој има психотично искуство, емоционалната сила на сонот може да направи дури и најчудните појави да изгледаат значително, и дека вредат да бидат дискутирани и интерпретирани.
Овие се причините зошто најголемиот дел од твоите соништа ќе изгледаат прилично досадни за најголемиот дел од луѓето“, објаснува когнитивниот научник Џим Дејвис во текстот за Сајантифик Американ.
Неговата препорака е дека ако веќе зборуваш со некого, гледај тоа да биде за ситуации во кои „на нов начин се справуваш со проблем. Негативната пристрасност ќе ги натера да бидат позаинтересирани отколку за некој среќен сон, а ако стварно си дошол до некој нов начин за справување со проблем, може и твојата публика ќе научи“.