Најголем конкурент на Нетфликс му е сонот

Ни Амазон, ни Јутјуб, а најмалку па традиционалните тв оператори. За првиот човек на глобалниот стриминг гигант Нетфликс, нивен најголем непријател им е чудната потреба на луѓето понекогаш да спијат.

„Кога гледаш некое шоу на Нетфликс на кое си навлечен, остануваш буден долго во ноќта. Тука се судираме со нашиот најголем конкурент - сонот. А мораме да признаеме, тој засега ни одзема огромно праче време“, изјави извршниот директор на Нетфликс, Рид Хестингс.

За среќа, Хестингс не најави дека неговата компанија сериозно работи на решение на нивниот проблем, како корисниците на Нетфликс да наполнат батерии без да спијат. Иако, едно време си играа со идејата за чорапи кои ќе детектираат дали си заспал гледајќи нешто кај нив:

Сервисот неодамна понуди и опција за симнување на содржините и нивно гледање офф-лајн но сметаат дека тоа нема да биде масовно користено бидејќи е главно непотребно. Во земји со стабилни мрежи и евтин интернет, луѓето сакаат да кликнат и да гледаат. Симнатите филови им остануваат за ретки сценарија, кога планираа да патуваат со авион или слично.

Се очекува Нетфликс неделава да ја прескокне рампата од 100 милиони корисници ширум светот но признаваат дека се лакомат по бројките на Јутјуб и Фејсбук чија публика се брои со милијарди.

 

20 април 2017 - 10:32