Дваесет и кусур годишна студија на преку 270.000 американски студенти утврдила дека богатите и главно бели студенти спијат поквалитетно од нивните сиромашки и главно обоени колеги и колешки.
Иако спиеле помалку од препорачаното (7-9 часа), посиромашните студенти немале чувство дека се ненаспани иако е утврдено дека недостатокот на сон влијаел врз неколку битни аспекти на нивните животи како што е академскиот успех, бројот на изостаноци , ментални проблеми како и зголемена тежина.
Во последниве 20-тина години најмногу опаѓа спиењето на адолесцентите од 15 годишна возраст иако и кај возрасните тоа е во постојано опаѓање од 1991-ва година.
Особено силно е меѓусебното влијание на количеството сон и дебелината, бидејќи ненаспаноста води кон зголемена телесна тежина а таа пак дополнително го уништува квалитетот на спиењето.