Винсент Нолте, германски имигрант во САД и трговец со памук од 19 век, станал милионер откако ја преживеал епидемијата на жолта треска во Њу Орлеанс. Самото тоа што преживеал а други во неговата бранша не, му овозможило економска и општествена предност. Дали стекнувањето антитела на Ковид-19 може да ги има истите последици?
Глобалната економска ситуација сè подрастично наликува на системот во кој од една страна имате пар фараони а од друга огромен број робови. Пазете ја оваа статистика: 0,7 % од светската популација го има во своите раце речиси половина од целото светско богатство. Долните 71 проценти поседуваат само 3 проценти од истото. А нит се буди исток, нит се буди запад.
Еден од одговорите на Томас Едсал во колумната за Њујорк Тајмс е дека иако приходите на најсиромашните се паднати, во исто време поевтинуваат и голем број производи - мобилни, клима, телевизори, компјутери... Ама не е до тоа.
„Дроља" или „ороспија" е едноставно навредлив термин кој дури (или особено) помеѓу жените служи за воспоставување хиерархија и за меѓусебно контролирање. Има и класни разлики во тоа кое однесување жените го дефинираат како курвинско.
Американските ученици редовно потфрлаат на државните испити со кои се утврдува богатството на нивниот речник и способностите за читање/ разбирање. Корените на проблемот се во најраната возраст а објаснувањето марксистичко: кој колку зборови има во себе зависи многу од примањата на родителите.