Пoловина од учениците од четврто одделение не знаеле дека зборот "puzzled" значи збунет а на исто тoлку не им бил воопшто јасен зборот "permeated".
Иако последните резултати од националните тестирања на американскиот департмент за образование се генерално слаби, постојат големи разлики меѓу учениците кои имаат класно- социјални корени.
Истражување утврдило дека во првите 4 години од животот на детето, постои неверојатен јаз од вкупно 32 милиони зборови меѓу добростоечките и семејствата со ниски примања. Утврдени се сериозни разлики и по етнички и расни линии.
Објаснувањето звучи реално: семејствата со ниски примања огромен дел од својата енергија и време ја трошат на базичните потреби како храна и кров над глава додека оние со поголеми плати на децата им овозможуваат поголемо шаренило социјални искуства.
Важно е и таканареченото улично образование но тоа доста потешко се трансферира во училишен успех.
Откако ќе ја совладаат основната техника на декодирање на пишаните зборови, разликата меѓу добрите и лошите "читачи" ја прави останатото знаење на читачот кое му помага во совладување на текстот.