Маркс ќе фатеше на кладилница

Глобалната економска ситуација сè подрастично наликува на системот во кој од една страна имате пар фараони а од друга огромен број робови. Пазете ја оваа статистика: 0,7 % од светската популација го има во своите раце речиси половина од целото светско богатство. Долните 71 проценти поседуваат само 3 проценти од истото. А нит се буди исток, нит се буди запад.

Планерите на глобалните финансиски институции кои го менаџираа излезот од последената економска криза тврдат дека тоа било направено со умни мерки кои отвориле нови работни места и довеле до подигање на силата на економиите од што бенефит виделе сите слоеви на населението. Еден од пиларите на таквиот светоглед е угледниот и моќен економист  Бен Барнанке (Херојот), поранешен прв човек на федералните резерви на САД, кој систематски уверува дека излезот од рецесијата се должи на новите работни места при што било направено повеќе за средната и ниските класи отколку за богатите.

А бројките велат нешто сосема друго. Прво еден графикон за САД каде што за првпат во последните 90-тина години, најбогатиот 0.1 процент (внимавајте, не 1 туку 0,1 процент) е на пат да го претица богатството на 90 проценти на американските домаќинства.

Што се однесува до глобалната слика, Кредит Суис неодамна излезе со интересни бројки. Нивната анамнеза покажува три битни работи:

1. Подигањето на вредноста на финансиските асети ја засили глобалната нееднаквост
2. Зајакнувањето на доларот доведе до прво намалување на тоталното глобално богатство.
3. 0,7 % од светската популација држат речиси половина од целото светско богатство а долните 71 проценти поседуваат само 3 проценти од истото.

Глобалната пирамида на богатството:


Врвот на горната пирамида, зумиран:


Регионална композиција на богатството:

повеќе

16 октомври 2015 - 10:47