Oд 2010 наваму темата на корпоративната психопатологија е прилично актуелна, а истражувањата покажуваат дека најмалку 1 од 5 бизнис лидери можат да имаат вакви тенденции. Ова може да звучи како последица на современите зла на капитализмот. Но предупредувачки знаци за тоа како богатството може да влијае врз карактерот имало многу порано.
Мајк Тајсон на времето уриваше не само спортски рекорди (најмлад и апсолутен светски шампион во историјата на тешка категорија), но и финансиски. Викендов сабота спрема недела после цели 15 години ќе се врати во рингот и ќе боксува против стар ривал.
Најдобриот играч на сите времиња според многумина, има астрономски договор со американскиот гигант за спортска опрема. Португалецот, како амбасадор на Најк треба да го чува своето тело и да не отсуствува од фудбалските терени повеќе од договорениот период.
„Би сакал да живеам во Јапонија, но тоа е невозможно, би полудел таму затоа што не можам на улица да излезам а да не ме следат луѓе“, вели јапонскиот тенисер кој заработува „грдни пари“.
Честопати имаме чувство дека растечката нееднаквост е проблем на 21-от век и дека оние одвратно големи богатства на топ 1% или топ 10% најбогати наспроти сите други се модерна аномалија. Не, историјата и податоците го покажуваат спротивното. Има нешто труло во тоа Западот, само што ние недоволно озбилно ги земавме и Шекспир и Маркс.
По пласманот на Барнли и Мидлзборо, вечерва ќе го дознаеме и третиот нов Премиерлигаш за следната сезона. На Вембли во финалето на плејофот, Хал Сити и Шефилд Венздеј ќе играат не само за пласман во елитата, туку и за 200 милиони фунти.
Кога една екипа ќе даде 78 милиони евра за двајца играчи (Рамирес од Челси и Тешеира од Шахтјор), тогаш реален е алармот во европскиот фудбал дека кинескиот пазар би можел да направи цунами во овој спорт.
Глобалната економска ситуација сè подрастично наликува на системот во кој од една страна имате пар фараони а од друга огромен број робови. Пазете ја оваа статистика: 0,7 % од светската популација го има во своите раце речиси половина од целото светско богатство. Долните 71 проценти поседуваат само 3 проценти од истото. А нит се буди исток, нит се буди запад.
Навистина е тешко. Срамот, дискриминацијата, стресот од тоа да мораш да ја отпуштиш чистачката за девојка ти да биде среќна. 10 причини зошто богатите се души напатени. За разлика од нас.