Според договорот со Најк, ако Роналдо пропушти повеќе од 90 дена, ќе остане без 12 милиони евра

Најдобриот играч на сите времиња според многумина, има астрономски договор со американскиот гигант за спортска опрема. Португалецот, како амбасадор на Најк треба да го чува своето тело и да не отсуствува од фудбалските терени повеќе од договорениот период.

Општо е познато дека Кристијано Роналдо за целата своја кариера немал сериозни повреди и долги месеци пауза. Најсвеж пример беше скорешното истегнување на задната ложа кое сам го доживеа на 26 март на мечот против Србија.

После две недели Роналдо играше против Ајакс, а дури и го постигна злато вредниот гол за Јувентус.

Познато е дека Кристијано е суператлета, машина, феномен - како ви е згодно, но има уште еден фактор за ваквиот став на Роналдо кон фудбалот. Страшно богатиот договор со Најк.

НАЈК МОЖЕ ДВОЈНО ДА ГО НАМАЛИ ВРЕДНИОТ ХОНОРАР

Во 2016 година Кристијано потпишал со американскиот гигант за спортска опрема договор вреден 1 милијарда долари! Таква зделка која носи обрт повеќе од 30 милијарди долари имаат само уште двајца спортисти - Мајкл Џордан и Леброн Џејмс.

Деталите од договорот не откриваат до кога е потпишан овој договор, но јасно е дека ќе остане на сила додека еден од најдобрите спортисти на сите времиња биде популарен и атрактивен за публиката.

Познато е дека годишно Роналдо само од Најк заработува 24 милиони евра. Со такво темпо, грубо пресметано, тој ќе ја „одработи“ милијардата на 68 години.

И покрај огромните суми од кои се добива вртоглавица, соработката со Роналдо и тоа како му одговара на Најк. Во 2016 година компанијата пресметала дека преку рекламите со Роналдо на социјалните мрежи, продажбата на нивните производи на компанијата и носат околу 474 милиони долари годишно.

Кристијано има околу 358 милиони следбеници на трите светски најпопуларни социјални мрежи - Инстаграм, Фејсбук и Твитер. И голем дел од неговите постови се реклами за Најк со помош на хаштази, логоа или просто постови.

Овие постови имаат околу милијарда прикажувања кои комотно може да ги конвертирате во пари. Во 2016-та година, највредниот пост на Роналдо за Најк беше на Инстаграм каде после големиот триумф и златото на Европското првенство тој објави слика со неговата автентична прослава, а претставена како дел од Ајфеловата кола (финалето се играше во Париз), а од десно стоеше слоганот на Најк - Just Do It и познатиот свош.

Профилите на Кристијано на социјалните мрежи за Најк значат неверојатно повеќе отколку неговите настапи на терен, видео рекламните спотови и сите тие копачки, дресови, опрема кои ги продаваат. Но непосредното учество на Роналдо на натпреварите се исто многу важни. И како и секој друг гигант, така и Најк се бори за тоа да извлече од својот амбасадор максимален профит.

******

Една од точките на договорот со Најк гласи дека: Ако Роналдо се повреди и не може да игра повеќе од 90 дена еден или повеќе натпревари во серија, тоа значи дека Најк ДВОЈНО ќе го скрати неговиот хонорар. Таква е ситуацијата во случај Португалецот да одигра помалку од 30 натпревари годишно, или ако пропушти Светско првенство кое трае еден месец, но за тоа време компанијата има астрономски приходи.

Најголема пауза по овој магичен договор со Најк, Роналдо имал како играч на Реал Мадрид кога пропушти 59 дена без фудбал поради повреда во финалето на Европското 2016. Последната повреда го оддалечи 14 дена надвор од терените (недела дена побрзо од предвиденото за такво истегнување).

За сево ова пишуваше германскиот угледен Der Spiegel.

Колку може да им се верува?

Тие во 2016 година во соработка со Football Leaks пуштија во јавност огромен текст во кој се разоткриваат махинациите и шемите на Роналдо при избегнување даночни обврзници. После ова адвокатите на фудбалерот го дадоа германскиот медиум на суд и бараа бришење на објавите. При тоа адвокатите не го негирале фактот за избегнување данок, но тужеле за клевета.

Адвокатите на Роналдо апелирале дека целата информација била украдена откако му бил хакиран компјутерот на еден од неговите правници. Од целиот епилог најмногу „се офајди“ шпанскиот суд кој по оваа објава покрена обвинение против Роналдо за прекривање данок, а Португалецот „ја купи“ слободата за 19 милиони евра и 23 месеци условна затворска казна.

Во последните 10 години, Кристијано никогаш не отсуствувал повеќе од 4 меча поради повреда. Претходно, во есента 2009 година, во неговата прва сезона во Реал поради повреда на холеностоп, тој одмарал 42 дена (9 натпревари). Тоа е најдолго негово отсуство како играч на „кралскиот клуб“.

А уште порано, во 2008 година, како играч на Манчестер Јунајтед Роналдо не бил на теренот цели 94 дена (од јули до октомври), односно пропуштил 11 меча после операцијата на коленото заработена на Европското 2008.