Таг: најк

Може најглупиот проект што ќе го видите неделава

Како да упропастиш совршено бели, фини и нови патики. Има и бонуси после тоа, ако не ви се смачи.

Рекламите на Најк за Мундијалите 1998-2022

Најк никогаш не пропуштил шанса прописно да се исчатали пред Светско првенство во фудбал кои сè ѕвезди ги има во своето трло и обележано со своето лого. И сето тоа да го направи прописно филмски добро, како и што заслужува за парите што стојат зад нив.

Патиките на Најк што ја пореметија дисциплината маратон

Во процедура која е стандардно резервирана за стероиди и нови допинг суплементи, World Athletics (поранешна ИААФ) спроведе истрага дали користењето на Најк Вејпорфлај патиките е исто што и мамење, и како резултат на тоа се очекува да ги промени правилата.

Како речиси половина милијарда долари во фејк Најк влегоа во САД

Мобилни за една употреба, лажни мејлови и лажни компании помагаат за на крај да се испорачаат огромни количини Најк (нешто ситно и Луи Витон чевли) во САД.

Како Најк невешто искористи песна на Делиите

На 1 јуни, најпознатиот светски бренд за спортска опрема Најк го објави рекламниот спот од кампањата „Dream Further“ на кое во пар секунди се слуша скандирање „Ко не скаче, тај је гробар“, извадено веројатно од некоја снимка од белградското дерби Звезда - Партизан.

За да му удоволи на американскиот пазар, Јуве ги тргна 116 години старите штрафти

Официјалната домашна варијанта на дрес на Јувентус за новата сезона 2019/2020 ја претставија овој месец, но на интернет се зборува за неа уште од минатата есен. Навивачите поделени.

Според договорот со Најк, ако Роналдо пропушти повеќе од 90 дена, ќе остане без 12 милиони евра

Најдобриот играч на сите времиња според многумина, има астрономски договор со американскиот гигант за спортска опрема. Португалецот, како амбасадор на Најк треба да го чува своето тело и да не отсуствува од фудбалските терени повеќе од договорениот период.

До кампањата и пред неа

Како што е неспорно дека Најк помогна во агендата и борбата на Колин Каперник, така е неспорно и дека хејтот што кампањата го доби во САД направи правичниот дел од јавноста инстантно да заборави дека станува збор компанија која им дава понижувачки плати на работниците во фабриките во југоисточна Азија и затајува милијарди долари данок низ цел свет, без да дискриминира дали тоа е Европа, Африка или Америка. Ова е првата видео реклама од соработката.

Најк потпиша договор со играчот кој не стана на химната - во САД сега горат нивни производи

Синоќа компанијата Nike соопшти дека 30-годишниот играч во американски фудбал, Колин Каперник ќе стане нивно официјално лице во новата рекламна кампања со светски познатиот слоган Just Do It. Тоа предизвика бурни реакции во Америка.

Рекламата на Најк за Бразил 2018 како легендарната од ’98-ма

Точно 20 години по легендарниот Мундијал во Франција, во Бразил се сними слична реклама како за тоа Светско. Само тогаш со легендарните Роналдо, Ромарио, Денилсон, Леонардо, Кафу, Лусио, а сега со некои нови клинци.

Како логото на Nike го нацртала студентка на салфетка за 35 долари?

Чудесната приказна за основањето на најпознатиот и најголемиот бренд на сите времиња којшто го знаат и „птиците на гранките“.

Најк го врти светот

Планетата прекинува да врти, луѓе во Најк патики пробуваат пак да ја стартуваат и залетаат. Цане Пребранац 2.0.

Викаат дека е познат најубавиот дрес за Светското 2018

Nike ја претстави опремата со која репрезентацијата на Нигерија ќе му се покаже на светот на Мундијалот летово. Делува јако.

Најубавата опрема во Шведска - АИК цел во црно

Во случај да има избор за најдобра опрема на еден клуб во Европа, меѓу главните кандидати би бил шведскиот трофеен АИК од Стокхолм.Nike им произвел целосно црна опрема: дрес, штуцни, шорцеви, ракавици, копачки, тренерки, тренинг маици.

Најк ги учи Канаѓаните да бидат помалку фини

Темпирано точно со Светско јуниорско првенство во хокеј што се одржа во Канада, Најк 9 дена по ред пушташе нова верзија од рекламата од кампањата „Играј помалку фино“ во која главниот лик станува се помалку и помалку пристоен и фин. Нешто налик Денот на мрморецот да ескалира од ден на ден. Насловот на 9-та реклама е „Не може помалку од ова“.

Како Најк ги претркува даночниците

Во шемата што ја користи еден од најпознатите брендови во светот, парите од продажбата од нивните продавници низ цел свет стигаат во Европа, па од таму на Карибите, за во последно време да завршат во компании кои никаде не се базирани. „Најк го направи ова со помош на паметни адвокати, комплексни закони и влади што соработуваат.“

Како Бироф, Тоти и Фиго им бегаа на нинџи со топка

Во 2000-та година од Најк ептен влегле во филм, ама ептен. Смислуваат една невозможна мисија која трае 90 секунди и во која задача од Луј Ван Гал добиваат Бироф, Таката, Турам, Тоти, Давидс, Фиго и Гвардиола.

Бетмен, Спајдермен и проблематичната маска на Обамејанг

Убаво прославуваше голови со познатите маски, што му требаше да ги менува и да си направи непотребен проблем поради кој Дортмунд го казни 50.000 евра.

Класика в жанра

Се викаше ’Тајниот Турнир’ а беше познат и како ’Кафезот’. До ден денес е најславна рекламна кампања на Најк која што коинцидираше со Светското првенство 2002.

Врвната реклама за Бразил со Роналдињо, Роналдо и компанија

Толку беа добри што не правеа разлика дали играат во соблекувална, на аеродромска писта, на улица или на терен. Фудбалот го играа со леснотија. Роналдињо, Роналдо, Робињо, Адриано, Роберто Карлос...