За оваа кампања Најк одвоил 100 милиони долари а учествуваа 24 најпознати фудбалери на светот на кој судија им беше Ерик Кантона.
Кампањата започна во март 2002. Имаше осум екипи со по тројца фудбалери:
Triple Espresso (Анри, Тоти, Наката)
The Onetouchables (Патрик Виера, Нистелрој, Сколс)
Toros Locos (Љунгберг, Савиола, Луис Енрике)
Cerberus (Давидс, Турам, Вилтор)
Os Tornados (Фиго, Роберто Карлос, Роналдо)
Funk Seoul Brothers (Денилсон, Роналдињо, Сеол Ки-Хјеон)
Tutto Bene (Фабио Канаваро, Томаш Росицки, Фердинанд)
Equipo Del Fuego (Клаудио Лопез, Мендиета, Креспо)
По дуелите во четвртфиналето, во полуфиналето влегоа екипата на Анри, на Давидс, на Фиго и на Креспо. Во финалето на крајот со 1:0 славеше тимот Triple Espresso во кој играа Тоти, Анри и Наката. Ремиксот од песната A Little Less Conversation на Елвис Присли која што ја направи Џанки ХЛ беше главно обележје на турнирот а рекламите се вртеа непрестано на глобално ниво.