Таг: роберто карлос

Страшниот спринт на Анри кога со топка го претрча Роберто Карлос

Не се сеќаваме кој играч се дрзнал и му успеало да го претрча Карлос со топка. Ама ете, Тиери нè потсети. Роберто Карлос возеше во трета, ама потоа го снема од кадар бидејќи Анри убаци во четврта. Снимката е стара 20 години.

Роберто Карлос го снима Роналдо додека му земаат брис

Легендите на бразилскиот и светски фудбал се меѓу педесетината некогашни тренерски и играчки асови во Доха (Катар), каде ФИФА ќе дискутира неколку прашање меѓу кои и она да се игра Мундијал на секои 2 години. Ама пред дискусијата секој морал да помине ПСР тест, а Рони не го поднесе баш лесно.

Како Хаџи го изремети Роберто Карлос

Да го направиш мајмум еден од најдобрите и најбрзи бекови во светот е привилегија, а тоа му успеа на легендарниот Георге Хаџи кога пред 20 години се сретнаа во финалето на Купот на Европа. Го доби Галатасарај 2:1 со гол во 103-та минута.

Вакво додавање Карлос немал во кариера

Велиме во кариера, затоа што ова не го направи во кариера, туку лани на хуманитарен натпревар. Еден од најдобрите бразилски бекови на сите времиња е спектакл за гледање и на 46 години.

Јан Колер (202см) vs Роберто Карлос (168 см) - најјак дуел во Лига на шампиони

Бразилецот кој за Супер Купот на УЕФА беше во Скопје како почесен гостин на фан клубот на Реал Македонија, е висок 1,68. Едни од најтешките борби ги водеше против чешкиот див Јан Колер, синоним за страшен гигант.

Сте виделе ли како Роберто Карлос дебитирал во Интер?

Неговото име е асоцијација за Бразил и Реал Мадрид и не сите паметат, а можеби некој и воопшто не знае дека го има носено дресот на Интер. Тоа се случи пред точно четвртина век и заврши многу брзо поради екстремно лошата проценка на неговиот тренер Рој Хоџсон.

Карлос го дал епскиот гол со Umbro Speciali, култни копачки со кои се прославија Овен и Ширер

Иако поминаа цели 23 години, необјаснивиот гол на Роберто Карлос против Франција уште е озборуван. Го дал со копачки какви што обожаваа многу врвни голгетери.

Карлос уште му должи објаснување на светот за голов

На мечот Реал Мадрид - Тенерифе, 1998-ма, физиката како наука мораше да ги прошири своите учебници.

Не сум таму, му рече Меси на Карлос

14 години разлика во фудбал значи искуство и пол за постариот, ама затоа младост, полетност и брзина за помладиот. Дупли термин му закажаа на ортопедија после ова.

22 години од ненормалниот гол на Роберто Карлос

На 21 февруари 1998 година, Реал Мадрид му гостува на Тенерифе во рамки на Ла Лига. Мечот завршува 4:3. За домаќините два гола дава Мехо Кодро, еден Рој Макај и Хуанеле. А за гостите Карлос, Пеѓа Мијатовиќ и Салвио. Она што го направи Карлос, тогашниот голман на Тенерифе Марсело Охеда, уште не може да си го објасни.

Јака компилација на потези од ѕверови во пензија

Тиери Анри, Роберто Карлос, Роналдињо, Лампард, Зидан, Џерард...Не можеш да ги мразиш овие ликови и не може да не ви недостигаат. Со нив израснавме. Со оглед на тоа што го прават сега во слободно време и да останеа уште некоја година, уште ќе мелеа.

Настапот на Македонија отсликан во еден слободен удар

Кога ќе пораснам сакам да шутирам како Роберто Карлос. Легендарниот бразилски бек се повлече пред пет години и сега може да спие мирно.

Роберто Карлос сака да ви покаже нешто на 46 години

Пред 22 години, човекот кој важи за еден од најбрзите и најславни бекови, го изведе најневозможниот слободен удар со чудна траекторија. Да видиме што може он сега додека е во пензија, кога на гол му стои Виктор Баија.

Карлос уште го има осетот

UNICEF секоја година организира хуманитарен натпревар во рамките на Soccer Aid за помош на болни деца. Годинава се играше на „Стемфорд Бриџ“ а меѓу ѕвездите што дојдоа беа Пирес, Роберто Карлос, Дрогба, Реднап, Симан, Карагер, Тери, Усеин Болт. Во еден момент Роберто Карлос одигра таква пета, што ретко ја прават и сè уште активните фудбалски мајстори.

Мислевме дека само Роберто Карлос го може ова

Габон е афричка земја која се граничи со Конго и Еквиторијална Гвинеја. Таму се наоѓа Нзамбе, фудбалер кој најдобро има анализирано како Роберто Карлос изведува слободни удари. Идентичен топовски удар.

Анегдотата за Роналдо и децата кои имале потреба од дресови

Зад епската и насекаде омилена генерација на легендарниот Бразил кој имаше играчишта на секоја можна позиција, се кријат многу приказни. Ова е една од нив, а ја раскажува Роберто Карлос.

Незаборавната бомба на Роберто Карлос против Барселона

Во пресрет на ел класико се потсетуваме на мечот кога Реал ја згроми Барселона со 3:0 а најубавиот гол на тој дуел го даде бразилскиот бек Роберто Карлос.

Вечна дилема - кој е најдобриот шутер на слободни удари?

Прашање кое веројатно никогаш нема да има одговор затоа што имало и има толку многу мајстори зад топката кои изведуваат слободен удар и даваат гол кога сакаат.

Роберто Карлос си дроби на футсал

45 години не се баш ок за 11 на 11, ама за во сала се таман, особено за еден од најдобрите и најпрепознатливи бекови во историјата на бразилскиот фудбал. Каква само рутинирано заврши две акции. Браво царе.

Проектилот на Сидорф наполни 21 година

Сме остареле или што е работава? Замислете летна точно 21 година од голот на Кларенс Сидорф кој го даде од позиција од каде обично секој друг нафрла. Имало евроголови и евроголови, ама ваква шајка од крајот на светот повеќе не видовме.

Ни обезбедување на аеродром не ги сопира Роналдо и Ромарио

Направете ни реклама на која ќе бидат прикажани во вистинско светло бразилските фудбалери, им рекле од Најк на продуцентите кои требале да ja смислат. И така се родило едно од мајсторските видеа со мајстори во него. Дечки знаете што? За точно 1 месец почнува светско.

На Роберто Карлос му се тргаат кога шутира и на 44 години

Легендарниот бек на Бразил снима некоја реклама на која покажа дека уште му работи тоа левицата како порано. Како што се нареди живиов ѕид, така се разбега. Те погоди ли нема станување.

Најбрзиот напад во историјата на градското дерби

Кога Раул, Бекам, Зидан, Роберто Карлос и Роналдо не им дадоа на играчите на Атлетико да ја видат топката.

Го видовте ли турскиот Роберто Карлос?

Буџаспор го победи Сиваспор со 1-0 и оди понатаму во турскиот Куп. Единствениот гол на мечот го даде бекот Абдулах Баликув којшто распали од мртов агол во стилот на Роберто Карлос. Буџаспор игра во третата турска лига.