Анегдотата за Роналдо и децата кои имале потреба од дресови

Зад епската и насекаде омилена генерација на легендарниот Бразил кој имаше играчишта на секоја можна позиција, се кријат многу приказни. Ова е една од нив, а ја раскажува Роберто Карлос.

Тогаш 25 годишниот Карлос и 21 годишниот Роналдо во очи на Мундијалот пред 20 години, кој го загубија во финале од Франција и кога се обиделе да се одморат од она што им било работа, тие играле фудбал.

Ама еве како.

„Се спремавме за Светското првенство 1998 во Франција. Завршивме со попладневниот тренинг и отидовме малку на Копакабана да се релаксираме. Роналдо виде околу 20 деца како играат фудбал со очајно лоши дресови, наеднаш и стана и ми рече:

Ајде брзо со мене до хотел.

Јас се збунив, ама отидов со него. Сите дресови, штуцни, топки и цела опрема која ни ја даде спонзорот Најк ја зема и ја однесе на плажа. Дали си нормален? Плажата е полна со луѓе, нема да не пуштат да се вратиме назад, а Роналдо ми одговори:

Ти само помогни ми да ги усреќам децава.

На плажа се вративме околу 17 часот, а во хотел не пуштија да си одиме во 21“.

Роналдо људина.

31 декември 2018 - 12:55