Незаборавната бомба на Роберто Карлос против Барселона

Во пресрет на ел класико се потсетуваме на мечот кога Реал ја згроми Барселона со 3:0 а најубавиот гол на тој дуел го даде бразилскиот бек Роберто Карлос.

Вториот гол за Реал тогаш го даде Никола Анелка, а третиот Фернандо Мориентес. Роберто Карлос за Реал Мадрид одигра 370 натпревари во шпанска Ла Лига и постигна дури 47 гола. Од Реал замина во Фенербахче.

Големото дерби Барселона - Реал Мадрид во Ла Лига, се игра на 28 октомври, во недела од 16:15.

26 октомври 2018 - 10:10