Јан Колер (202см) vs Роберто Карлос (168 см) - најјак дуел во Лига на шампиони

Бразилецот кој за Супер Купот на УЕФА беше во Скопје како почесен гостин на фан клубот на Реал Македонија, е висок 1,68. Едни од најтешките борби ги водеше против чешкиот див Јан Колер, синоним за страшен гигант.

Фудбалот е еден од најатрактивните спортови од многу причини. Таму два и нешто метри висок гигант може да тргне во дриблинг, а 168-сантиметри „висок“ бек може да рипне во дуел со таков ѕвер од 202 см и 104 кг. 

Такво нешто и се случи, пред 17 години, во 2003-та кога се судрија Јан Колер и легендарниот Роберто Карлос.

За Колер имаше анегдота дека е толку јак што кога го дува носот, до камери се слуша во преносот.

Во натпревар од втората групна фаза во Лига на шампиони меѓу Реал Мадрид и Борусија Дортмунд (беа уште и Милан кој ја освои таа ЛШ, и Локомотив Москва), Чехот тргнува на сред терен да дрибла (замислете на толку висок човек колку му е тешко да ја контролира топката а не па да дрибла), ама со лизгачки старт одма му се пушти Карлос:

Интересно, на тој меч во Мадрид високиот Чех постигна гол и тоа со јак шут надвор од шеснаесетникот на Икер Касиљас:

Ама Реал се врати и направи пресврт со головите на Раул и Роналдо.

После една недела двете екипи се сретнаа одново, на реванш во Германија. И одново Роберто Карлос направи нешто незамисливо: минијатурниот Бразилец освои воздушен дуел со гигантот Колер (висок 202 см), еден од најјаките дуели во историјата на ЛШ:

Ама расниот стрелец пак најде начин до мрежата на Икер Касиљас, не по вина на Карлос, во 23' минута од мечот за делириум на „Вестфален“ во Дортмунд:

Реал израмни дури во '90 минута преку младиот бисер Хавиер Портиљо, детето на клубот. Мечот заврши нерешено 1:1, Роберто Карлос во полуфинале испадна од Јувентус, а Јан Колер со 8 гола стана еден од најдобрите стрелци таа сезона во ЛШ.