Карлос го дал епскиот гол со Umbro Speciali, култни копачки со кои се прославија Овен и Ширер

Иако поминаа цели 23 години, необјаснивиот гол на Роберто Карлос против Франција уште е озборуван. Го дал со копачки какви што обожаваа многу врвни голгетери.

Голот на Роберто Карлос падна на пријателска средба во 1997-ма во Тулон, Франција.

Тој, а и многу други голови, Бразилецот постигнал во култните копачки - Umbro Speciali. Овој модел бил пуштен во продажба во 1992 година после што го носеа многу генерации фудбалери, меѓу кои 6 освојувачи на „Златна копачка“.

Со овие копачки во Англија биле постигнати 775 гола и дури 30 хет-трика!

АЛАН ШИРЕР

Легендарниот робусен шпиц на Њукасл добил спонзорска поддршка од Umbro откако им пратил писмо со молба да му дадат два пара копачки. Тогаш такви беа времињата и немаше многу разгалени инстаграм фудбалери со виолетови копачки.

„Кога носев Specialis, просто не сакав да ги соблечам. Ги носев додека не се искинат“, рекол еднаш најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата.

Тој во копачки Umbro Speciali даде 5 гола на Европското 1996-та и стана најдобар стрелец.

МАЈКЛ ОВЕН

Уште еден англиски симбол од '90-те носел копачки Umbro Speciali многу години. Во овие копачки Овен го постигна голот против Аргентина на Светското 1998.

Интересно, Мајкл дури и во чест на копачките го нарекол својот коњ - Speciali.

КАРЛОС ВАЛДЕРАМА

Колумбиецот со култна фризура носел копачки Umbro Speciali од 1996-та до 1998-ма година. Во овие копачки освоил титула во МЛС лигата и бил избран за најдобар играч на сезоната во САД. 

МАРК ХЈУЗ

Како Карлос, така и Марк Хјуз има незаборавен гол во овие копачки. Во полуфинале на ФА Куп 1993/1994 Манчестер Јунајтед губел од Олдам, но во последната минута од продолженијата Хјуз го спасил Манчестер - 1:1.

Во преиграниот меч тимот на Фергусон не го оставил Олдам да дише и ги совладал со 4-1. Јунајтед го освоил Купт а Хјуз постигнал уште еден гол на реваншот.

Во 2018 година Umbro одново го пушти во продажба овој легендарен модел копачки, овојпат со назив Speciali 98. И натаму се кожни, со класичен стил и логото од страна.

КАРЛОС УШТЕ МУ ДОЛЖИ ОБЈАСНУВАЊЕ НА СВЕТОТ ЗА ГОЛОВ