Како логото на Nike го нацртала студентка на салфетка за 35 долари?

Чудесната приказна за основањето на најпознатиот и најголемиот бренд на сите времиња којшто го знаат и „птиците на гранките“.

Основачот на Nike, Фил Најт на почетокот на ’70-те можел да го изгуби целиот свој бизнис - сакале да го измамат сопствените добавувачи.

Тогаш брендот Nike уште не постоел, а Најт ја водел компанијата Blue Ribbon која што во САД продавала патики од јапонската фирма Onitsuka Tiger. Во еден момент Јапонците тајно посакале други партнери во САД, па Blue Ribbon бил сериозно загреозен и Фил смислил како да раскрсти со Onitsuka.

Фил во Мексико нашол една фабрика по име Canada и нарачал 3.000 пара фудбалски копачки. Производителот побарал од него да им каже како да ги наречат копачките и какво лого да имаат - па така почнала историјата на брендот Nike.

***

Фил Најт и се обратил на Керолин Дејвидсон, студентка на факултетот по графички дизајн на универзитетот во Портланд каде студирал и самиот Најт. Тие се запознале случајно кога Фил ја слушнал во ходник како се жали дека нема пари од цртање. Најт ѝ предложил работа - за два долари на час да црта логотип и друга графика. Дејвидсон се согласила и на лист му го напишала своето име и телефонот.

Прво што Најт нарачал од неа било лого за неговиот нов безимен бренд.

„Ѝ кажав: треба нешто што ќе евоцира чувство на движење. Искрено не знаев што сакам. Не сум уметник“, пишува Фил Најт во својата автобиографија Shoe Dog.

А Керолин за тој момент вели:

„Се сеќавам како седев во студиото и работев над логото. На почеток нацртав патики. Потоа го цртав логото на салфетка и ги ставав едно над друго. А потоа ги фрлив затоа што требаше и повеќе од добро да изгледа на патиките“, се сеќава Керолин.

Првите скици воопшто не му се допаднале на Фил а од вторите излегло логото кое ден-денес го знае цел свет. Керолин правела скици околу 17,5 часа за што тој и напишал чек на 35 долари (не баш многу пари ниту во ’70-те години).

Керолин Дејвидсон и нејзиниот светски познат изум

Фил не бил нешто воодушевен од логото но морало што побрзо да им се прати на Мексиканците од заводот Canada каде се правеле кожни копачки.

„Решивме логото да изгледа истовремено свежо и да биде како од древниот свет. Испадна вонвременско“, памети Фил Најт.

Кога веќе завршил со логото, тој долго мислел како да ја нарече својата нова фирма. Му се допаднале варијантите Dimension Six (тоа ништо не значи туку Фил сам го смислил), а Керолин предложила Falcon (сокол). Се спореле неколку дена додека колегата на Најт, Џеф Џонсон не го изговорил називот кој денес го знаат и птиците на гранките - Nike.

(Нека биде Ника како грчката Божица на победата).

Наскоро во канцеларијата на компанијата на Најт новото лого го викале „свуш“. Кога клиентите го прашувале Фил што значи тоа, тој одговарл - „тоа е звукот кој ќе те следи“. Имено извикот „свуш“ е во склад со штиклираното лого на Најк коешто значи афирмација, потврда. Како што иксот значи неправилно, неточно, така штиклираното е знак за точно.

***

Со години логото на Nike се менуваше. На официјалниот сајт на компанијата стојат четири етапи на еволуција на свуш:

Првата етапа е дело на студентката Керолин Дејвидсон. На почеток таа го нацртала само знакчето свуш, а потоа го прекриле натписот Nike со него.

Втората етапа е новиот стил на логото. Натписот го пренеле за да не му смета на логото свуш а го смениле и фонтот на Futura Bold. Овој фонт во 1927 година го смислил германскиот дизајнер Паул Ренер.

Фонтот Futura и разни негови модификации беше еден од главните фонтови на ХХ век: до 2009 година со него ги цртаа сите текстови во каталозите на IKEA (Кога Швеѓаните го сменија логото, на Интернет се појавила дури и петиција во поддршка на Futura фонтот). Тој се појавува и на постерот од американската анимирана сајнс-фикшн комедија Футурама.

Третата етапа на еволуција - е бокслого. За дополнително да го нагласат дизајнот на логото, Nike го поместил во контрастен квадрат.

Четвртата етапа е - чист свуш. Кон средината од ’90-те години Керолин Дејвидсон станала толку позната што дизајнерите на Nike ги тргнале сите „одвишоци“.

Патики Nike со подвижни свошови

На почетокот на ’80-те години Nike стана една од најпознатите компании на планетата а нејзиното лого нацртано за 35 долари - икона на дизајнот.

Во 1983-та година Најт дополнително и заблагодарил на Керолин Дејвидсон и во нејзина чест организирал вечера каде и подарил златен прстен во вид на сквош со брилијант и пакет акции во Nike. Во 2016-та Најт изјавил дека тој пакет вреди 100 милиони долари.

„Горда сум на тоа што го направив, но во некоја смисла тоа е просто само уште еден пример на дизајнерската работа. Ако не ги запознаев Фил и луѓето од Nike, тоа ќе беше само уште една фрлена салфетка“, рекла Керолин Дејвидсон.

***

Фил Најт заминал во пензија во јули 2016 година и станал почесен претседател на Nike. Керолин во пензија отишола на почетокот на ’2000-те и се занимава со хуманитарна работа. Таа вели дека не продала ниту една акција од пакетот којшто го добила од Фил и неговата компанија Nike.

18 мај 2018 - 13:16