
Црн е дури и грбот на дресот а наместо главниот спонзор на клубот со големи црни букви го пишува името на клубот AIK. За изгледот на фонтот имало јавна дебата. На интернет-продавницата на клубот веќе е продадена цела колекција. Во петокот АИК играше во таа опрема на пријателска средба пред почетокот на сезоната против финскиот Интер Турку и победи со 3:0.
Во оваа необична опрема АИК ќе ги игра сите пријателски средби до почетокот на сезоната, како и натпреварите во Купот на Шведска.
Оние што ќе нарачаат ваков дрес ќе добијат и подарок - стара фотографија од 1901 година во чест на екипата на АИК која играла во таква опрема. Шведскиот трофеен клуб целосно црна боја носел до 1909 година.