Шведската прва фудбалска лига прослави 100 години од своето постоење, а навивачите на АИК од Стокхолм ја разбудија креативноста до даска со импресивна кореографија. Прикажаа мапа на стара Шведска како се брани од напади на бродови на кои може да се забележат ФИФА, УЕФА, ВАР, еврото и доларот.
Шведскиот трофеен клуб АИК од Стокхолм синоќа прослави јубилеј 130 години од своето основање. За овој голем настан, навивачите приредија спектакл во главниот град.
Во 93' минута од мечот Елфсборг - АИК во шведската лига, при резултат 2:2, гостинскиот голман Будимир Јаношевиќ оди во противнички шеснаесетник. Ама домаќинот се одбрани и тргнува во жустра контра. Фудбалерите на АИК знаат дека голот им е празен па користат втора топка на теренот за да не примат гол.
Не се Швеѓаните толку поштени колку што мислите, особено кога ќе видите со колку вешти измами се служат на фудбалот. Па уште им пројде бе ова и никој не се побуни. Како така?
По пауза од 9 години, АИК ја освои шампионската титула во Шведска. Оствари клупски рекорд од 67 бодови, 2 повеќе од второпласираниот Норкопинг и 9 повеќе од Малме кој беше на тронот изминативе две години. Кој знае колку им е убаво на навивачите кога го прават ова.
Во најновата епизода на COPA90 се зборува за феноменот на преголемата посета на шведските стадиони, прилично несразмерна во однос на квалитетот на фудбалот таму. Во последно време има подем на навивачки групи кои ги престигнуваат дури и италијанските и германските по употреба на пиротехника и кореографии.
Во случај да има избор за најдобра опрема на еден клуб во Европа, меѓу главните кандидати би бил шведскиот трофеен АИК од Стокхолм.Nike им произвел целосно црна опрема: дрес, штуцни, шорцеви, ракавици, копачки, тренерки, тренинг маици.
Навивачите во шведскиот фудбал стриктно се држат до навивачкиот кодекс: носат црни шушкавци, јакни и капи, а често палат пиротехника или влегуваат во судир со ривалските групи со фантомки на глава.
Една кореографија вклучува разни елементи: балони, барјаци, пиротехника и најчесто најтешкиот дел популарната шеталица. Навивачите најчесто ја цртаат и за тоа им требаат денови и ноќи пред големите натпревари. Притоа треба да мислат и на други работи како пароли, нови знамиња и слично за целата кореографија да биде без грешка.
Трофејниот клуб АИК од Стокхолм реши на почетокот од мечот против Гефле, наместо стандарниот декор со децата, играчите на терен да излезат со највозрасните членови на клубот кои уживаа во привилегијата. Замислете дека 86-годишниот легендарен претседател на УЕФА, Ленард Јохансон беше најмлад во колоната со 11 пензионери.