Шведска забрани фантомки, навивачите смислија никаб

Навивачите во шведскиот фудбал стриктно се држат до навивачкиот кодекс: носат црни шушкавци, јакни и капи, а често палат пиротехника или влегуваат во судир со ривалските групи со фантомки на глава.

Фудбалскиот сојуз и полициските власти на оваа скандинавска земја решија да си ја олеснат работата во идентификација на проблематичните така што забранија носење фантомки на стадионите.

Забраната стапи на сила од 1. март, а на ултрасите не им требаше многу време да го изиграат законот - го искористија законот за верски слободи и ставија нихаб.

Во неделата навивачите на АИК од Стокхолм на дуелот против Хакен ја облекле оваа традиционална наметка која се практикува во исламскиот свет и така го покриле лицето без да ги носат забранетите фантомки.

Со нихаб на главата, навивачите на АИК на „Френдс Арена“ во Стокхолм држеле банер на кој го таргетирале министарот за внатрешни работи Андерс Игеман кој бил иницијатор на забраната.

„Ултрасите на АИК од сега ќе носат маски од религиозни побуди. Слободата на ултрасите е целта, фала Игеман за дупката во законот“, пишувало на паролата. Министерот, кој бил навивач на ривалскиот Дјургарден кратко прокоментирал: „Искрено банерот беше многу смешен. Покажува дека навивачите на АИК имаат смисол за хумор.

 

4 април 2017 - 16:31