Таг: шведски фудбал

Шведски снежни фудбалски моменти

Откако во градот Естерсунд и во други шведски градови напаѓал снег, а фудбалските првенства им се пред крај, мечот меѓу Естерсунд и Мјалби за малку ќе се одложел поради такви временски услови. Ама на крај одиграле, присутните навивачи уживале, а гостите победиле 0-2 и однеле три важни бода во борбата за опстанок. Естерсунд одамна е испаднат во втора лига како последен на табела.

Кварезмовка секогаш е во мода

Не умира овој секогаш атрактивен фелш удар кој ретко кој може да го погоди како Кварезма. Викендов доста добро се истакна Србинот Владимир Родиќ од Хамарби, Шведска, а Лука Модриќ се изамбицира од слободен удар.

Јака диверзија во Шведска

Во 93' минута од мечот Елфсборг - АИК во шведската лига, при резултат 2:2, гостинскиот голман Будимир Јаношевиќ оди во противнички шеснаесетник. Ама домаќинот се одбрани и тргнува во жустра контра. Фудбалерите на АИК знаат дека голот им е празен па користат втора топка на теренот за да не примат гол.

Голман, сонцето да не ти сметаше па прими гол од паркинг?

На дуелот Сириус - Хакен од шведска втора лига кој заврши 2:2, гостите го отворија резултатот со луд гол на Ирандуст од своја половина.

Кенеди Бакирчоглу - култниот лик од Менаџер со епската прослава на гол

Роден во Шведска на 2 ноември 1980 година, Кенеди Бакирчиоглу потекнувал од асирско православно семејство кое во Шведска дошло во 1972 година од градчето Мидјат во Турција. Ова е приказната за еден од најомилените фудбалери во Шведска и култен лик на видео играта Менаџер.

Не е Златан, Маркус е синот на Малме

Во чест на една од своите најголеми клупски легенди, Маркус Розенберг, виоскиот центарфор кој од свои 5 години е во Малме, а кој синоќа го одигра последниот меч за шведскиот клуб затоа што оди во пензија, навивачите подготвиле прекрасна кореографија.

Како да го ослепиш голманот, а голот да биде регуларен?

Не се Швеѓаните толку поштени колку што мислите, особено кога ќе видите со колку вешти измами се служат на фудбалот. Па уште им пројде бе ова и никој не се побуни. Како така?

А кој би рекол? Прекин во Шведска поради дивеење на хулигани

Големото дерби во шведскиот Куп меѓу Гетеборг и Гаис беше прекинато по 45 минути игра поради тоа што домашните навивачи запалиле сто кила пиротехника. Голманот на Гаис бил повреден од бакљите на навивачите и нема да може да го одигра денес продолжението од мечот кој ќе се одржи без гледачи.

Шведски фудбалски нонсенс

Куп на Шведска, играат Бромапојкарна и Браге. Гостите во еден момент пробуваат нешто тотално несфатливо и на крај ја губат топката.

Одбранава на Хамарби да не ја бирале на конкурс?

Четворицата стандардни дефанзивци на шведскиот клуб Хамарби многу наликуваат еден на друг па се поставува прашањето како ги бираат пред да дојдат во клубот? Да не ги праќаат на ист бербер или нешто слично?

18-годишниот Исланѓанец од ЦСКА кој си играше со Реал Мадрид

Арнор Сигурдсон има мошне интересен фудбалски пат. Неговиот најдобар натпревар во досегашната кариера беше чудото во Мадрид кое го виделе 16 негови роднини (тетки, чичковци, братучеди). Тоа е, вели, дел од традицијата на Исланд.

Импресивно тифо во шведскиот фудбал

И ние имаме стадион со капацитет од 33.000 и Швеѓаните имаат, ама разликите во културата, организацијата и општо посетеноста, не се мерат колку и да мислиме дека Скандинавците немаат којзнае каква фудбалска традиција. Погледнете како прволигашот Хамарбу си ја испрати во пензија својата легенда Кенеди Бакирчоглу. 

Како полицијата во Шведска чува ред на големи натпревари?

Во најновата епизода на COPA90 се зборува за феноменот на преголемата посета на шведските стадиони, прилично несразмерна во однос на квалитетот на фудбалот таму. Во последно време има подем на навивачки групи кои ги престигнуваат дури и италијанските и германските по употреба на пиротехника и кореографии.

Гости без усул

Невообичаен резултатски приказ од шведскиот фудбал со најлошите домаќини или најјаките гости на едно место, како сакате. 

Документарецот за шведскиот судија чија кариера пропадна во една вечер

Мартин Хансон важеше за еден од најдобрите европски фудбалски судии. Како топ судија имал само еден сон - да свири на Светското првенство 2010 во Јужна Африка. Една лоша вечер во Париз на 18. ноември 2009-та му ја однесе целата кариера низ вода.

А мислевме дека е само нордиски мит, кога тоа

Долго време бевме убедени дека оваа приказна е легенда, некаков мит како Рагнарок или Игдрасил, а реално е како табуретката на Икеа.

Бајката на курдскиот тим кој ќе игра во Шведска прва лига

Екипата основана пред 13 години од група бегалци од Курдистан стана „репрезентација“ на цел еден народ без своја држава. Направиле дури седум промоции од 2004-та и ќе играат во првата лига на Шведска, Allsvenskan.

Шведска забрани фантомки, навивачите смислија никаб

Навивачите во шведскиот фудбал стриктно се држат до навивачкиот кодекс: носат црни шушкавци, јакни и капи, а често палат пиротехника или влегуваат во судир со ривалските групи со фантомки на глава.