Шведски снежни фудбалски моменти

Откако во градот Естерсунд и во други шведски градови напаѓал снег, а фудбалските првенства им се пред крај, мечот меѓу Естерсунд и Мјалби за малку ќе се одложел поради такви временски услови. Ама на крај одиграле, присутните навивачи уживале, а гостите победиле 0-2 и однеле три важни бода во борбата за опстанок. Естерсунд одамна е испаднат во втора лига како последен на табела.

Мјалби и Естерсунд се градови буквално на едниот и другиот крај од Шведска. Фудбалерите и пар луди ентузијасти навивачи на Мјалби отпатувале 958 километри (со кола се вози за 12 и пол часа).

Во тешки услови, натпреварот игран на снег, неколку пати бил прекинуван за да службите го исчистат теренот:

Видете ја упорноста на фотографот: 

Гостување далечно 958 километри по силен снег и студ. Опстанокот во лигата за Мјалби е најважен:

Победникот со 2 гола (во 63’ и 69’ минута) го решил 26-годишниот шпиц на Мјалби, Јакоб Бергстром. Ги прослави на интересен начин:

23 ноември 2021 - 14:37