Не е Златан, Маркус е синот на Малме

Во чест на една од своите најголеми клупски легенди, Маркус Розенберг, виоскиот центарфор кој од свои 5 години е во Малме, а кој синоќа го одигра последниот меч за шведскиот клуб затоа што оди во пензија, навивачите подготвиле прекрасна кореографија.

А Розенберг (37) знаеше да им врати на најдобар можен начин, со два убави гола од кои едниот победнички дури во длабоко судиско продолжение во 90+6’ минута за триумф од 4-3 против Динамо Киев. Со овие три бода Малме е речиси во следната фаза на коло пред крајот.

Кореографијата за Маркус, фигуративно како мало дете кое сонува и Маркус како член на сениорскиот тим. На соседната трибина стоел банер на кој бил напишан цитат од шведскиот поет и композитор Жарк Веруп: „Јас секогаш бев со тебе, јас не можам да те изгубам“.

Самиот Маркус влезе на терен додека го држеше за рака малиот Оливер. Детето има рак но многу сакал да се сретне со легендата на клубот

На полувреме Динамо Киев водеше 1-2. Розенберг израмни во 47’ минута на 2:2 а во 90+6’ постигна победнички гол за 4:3 и лудо славје на трибините:

После натпреварот Розенберг се простил со навивачите и се расплакал. На теренот дошле со него да се поздрават луѓе со кои поминал важен дел од својата кариера: детски тренери, Франк Бауман кој го тренираше во Вердер Бремен, Јонас Олсон со кого играа за Вест Бромвич и многу други.

МАРКУС РОЗЕНБЕРГ ДОЛГО БЕШЕ ВО СЕНКА НА ИБРАХИМОВИЌ, НО СЕ ВРАТИ ДА МУ ПОМОГНЕ НА СВОЈОТ МАЛМЕ

Интересно, Розенберг и Ибрахимовиќ и двајцата корпулентни, високи напаѓачи со ист стил на игра, заедно почнале да тренираат фудбал на млади години. И двајцата дебитирале за Малме на мечот против АИК во 2001 година. Златан тогаш дал два гола и се прославил. Скоро Ибра го продале во Ајакс а Маркус се борел да стане стандарден првотимец во Малме.

Во 2004 година со парите од трансферот на Златан, Малме инвестирал во нови играчи, а младиот Маркус Розенберг го пратиле на позајмица во Хамштад. Токму таму Розенберг станал најдобар стрелец во лигата, а Хамштад до последно коло се борел за титулата со Малме и на крај не успеал затоа што Маркус не играл поради повреда.

Високиот шпиц потоа ја продолжи кариерата во Вердер, Расинг Сантандер и Вест Бромвич за подоцна да се врати дома меѓу своите.

НИКОГАШ НЕ СТАНА СУПЕРЅВЕЗДА, НО СТАНА КЛУПСКА ЛЕГЕНДА

Маркус во 2014 година на 32 години се вратил во Малме. Сите мислеле дека дошол да ја доврши кариерата, затоа што за 6 месеци во Вест Бром не дал ниту еден гол.

Малме тогаш имаше шанса да се врати во Лига на шампиони - требаше да го победат РБ Салцбург во плејофот. Првиот меч Швеѓаните го загубија во Австрија, но во реваншот Розенберг направи шоу, постигна два многу важни гола во самиот финиш и Малме се проби во Лига на шампиони.

Од тој меч како да се роди новиот Малме. И почна ерата на Розенберг кој на клубот му донесе две титули по ред во 2016 и 2017.

Тој е симбол и капитен на клубот.

Долго видео од церемонијата пред мечот во чест на Розенбег кој излезе на терен со својата фамилија:

29 ноември 2019 - 10:12