А кој би рекол? Прекин во Шведска поради дивеење на хулигани
Големото дерби во шведскиот Куп меѓу Гетеборг и Гаис беше прекинато по 45 минути игра поради тоа што домашните навивачи запалиле сто кила пиротехника. Голманот на Гаис бил повреден од бакљите на навивачите и нема да може да го одигра денес продолжението од мечот кој ќе се одржи без гледачи.