- Ако некој понуди да те почасти, не нарачувај поскапа пијачка од онаа која ја пиеш.
- Вниманието на шанкерот за нова пијачка предизвикај го со поглед.
- Никогаш не гледај во шанкерот ако не ти треба пијачка.
- Никогаш немој да мрчиш каква пијачка ти донеле ако таа е бесплатна.
- Ако ѝ понудиш пијачка на девојка и таа НЕ прифати, не ѝ се допаѓаш.
- Ако ѝ понудиш пијачка на девојка и таа прифати, тоа не мора да значи дека ѝ се допаѓаш.
- Да почeстиш непозната девојка со една пијачка е ок; да ѝ ги платиш сите пијачки е глупо.
- Ако некогаш се напиеш ЕДНА пијачка која е за женски, сите секогаш ќе те памтат како 'дечкото кој пие женски пијачки'.
- Не греби повеќе од една цигара од ист човек.
- Твоите родители се појаки пијачи од тебе.
- Ако не оставаш бакшиш, не излегувај. Купи си алкохол и пиј си дома.
- Ако со некого си цимер повеќе од 6 месеци, имаш право да го испиеш пивото кое тој го купил, ама мора да му оставиш барем едно.
- Пробувај нови пијачки.
- Женска на шанк изгледа 50% подобро отколку што навистина изгледа.
- Кафичот не е градинка. Ако си истурил пијачка на маса или шанк, не чекај друг да ти го среди тоа, побарај салвета и исчисти сам.
- Мажи не пијат од сламка.
- Кога си во кафич, не лажи. Само претерувај.
- Ако мислиш повеќе од три секунди кога ќе те прашаат што ќе пиеш, не заслужуваш пијачка.
- Кога носиш алкохол на журка, не го земаш она што не се допило.
- Времето се движи двојно побрзо после полноќ.
- На скалата на интимност, делењето пијачка е нешто меѓу ракување и бакнеж.
- После шестата пијачка не се гледај во огледало. Тоа ќе ја разниша твојата самодоверба. Но, не се секирај за ова бидејќи:
- После петтата пијачка и онака нема да ти текне на ниту едно од овие правила.
****
Задолжително види: Келнeр да ви каже неколку работи