Таг: пиротехника

Кој би рекол дека во Индонезија има вакво пиротехничко шоу?

Бакљадата е секогаш успешен рецепт за спектакл на стадион. Уште од порано потсеќа на навивачите на Вардар, Милан и ред други клубови. Ама тие ја практикуваат на една трибина, а овие цел стадион го запалија.

Навивачите на Ајакс ги оставиле играчите на Јуве без сон

Пред вечерашниот дуел од 1/4 финалето на Лига на шампиони во Амстердам, фудбалерите на Јуве го доживеале она што го претрпеа и многу пред нив кога гостуваат во главниот град на Холандија. Неколку килограми огномет, разна пиротехника и петарди.

А кој би рекол? Прекин во Шведска поради дивеење на хулигани

Големото дерби во шведскиот Куп меѓу Гетеборг и Гаис беше прекинато по 45 минути игра поради тоа што домашните навивачи запалиле сто кила пиротехника. Голманот на Гаис бил повреден од бакљите на навивачите и нема да може да го одигра денес продолжението од мечот кој ќе се одржи без гледачи.

На навивачите на Легија Нова година им стигна порано

Легија синоќа гостуваше кај Сосновиец, последнопласирана екипа во полската лига и славеше после пресврт со 2:3. Навивачите на тимот од Варшава дошле во огромен број на ова гостување и распалиле многу пиротехника.

Газди на гостински терен во ЛШ

Ако некои навивачи имаат изгорено најмногу бакљи на стадион, тоа сигурно се ултрасите на Легија Варшава. Овде ако нема кајрон, некој ќе помисли дека се дома, а не во Словачка на стадионот на Спартак Трнава. Шоуто им се погоди, ама резултатот не. Во лпејоф за ЛШ одат Словаците со вкупен резултат од 2:1.

Ова го нема ни на Светско ни во Лига на шампиони

Пиротехниката на стадион му дава посебна драж на секој меч, ама ова во Алжир е нешто повеќе од лудо и спектакуларно. Се работи за 55.000 навивачи кои не слават никаква титула, туку пласман во втора лига. 

Како внесувате пиротехника на стадион? Еве вака

Ултраси од Тунис добија прашање во емисија како успеваат да внесат пиротехника при толку контроли на врата? Одговорот е оригинален.

No pyro no party во Амстердам

Навивачите направија штимунг а играчите им вратија со убедливи 3-0 во големото дерби против ПСВ Ајндховен. После 15 кола ПСВ има 39 бода и е прв а Ајакс заостанува 7 бода и е трет.

Бебето кое многу сака пиротехника и навивање

Од прозор на зграда близу стадионот на Сан Лоренцо, едно бебе во Аргентина уште на најрана возраст покажува што многу го прави весело.

Како се крева атмосфера на меч без голови во Алжир

Се работи за куп натпревар кој заврши 0:0 и од кој никој нема да ги раскажува играта и резултатот, туку лудото светлосно пиротехничко шоу од зграда кое блескаше на мечот. Да, од зграда, нешто невидено до сега. Овие сцени коментаторот ги споредил со најголемото аргентинско дерби Бока Јуниорс - Ривер Плејт.

Вакво пиротехничко шоу треба само да се доживее

На толку јаки прослави тешко е да се прогласи победникот оваа година во правење шоу, иако фаворити се навивачите на Спартак Москва. Партизан ја однесе во егал 27:27 битката по број на шампионски титули со Црвена Ѕвезда. Гробарите не се први кој го направија овој светлечки прстен, но без разлика на тоа ваков спектакл не се пропушта.

15 години Ултрас Ајакс

Навивачката група ВАК410 од Амстердам синоќа го прослави својот 15-ти роденден со пригодна пиротехника и громогласно пеење.

Лукавоста на Торцида Сплит

Најстарата организирана навивачка група во Европа викендов го прослави 65. роденден со кореографија и многу бакљи кои ги внесоа на досетлив и ризичен начин.

Пироманија Сент Гален

Строгите закони во Швајцарија не го угасија навивачкото движење. Напротив, од коло во коло ултрасите покажуваат фанатична приврзаност кон своите екипи, како што покажаа оние на Сент Гален на гостувањето во Базел.