Лукавоста на Торцида Сплит

Најстарата организирана навивачка група во Европа викендов го прослави 65. роденден со кореографија и многу бакљи кои ги внесоа на досетлив и ризичен начин.

Главна тема на секоја дебатна емисија за хулиганизмот и навивачите е како редарите и полицијата не можат да се справат со нив. Кога и да се случи некоја бакљада, сите се прашуваат како е можно толкава количина на пиротехника да се внесе на трибините, а никој да не забележи.
 
Во Сплит, пишува Индекс, луѓето од управата често се доведуваат во врска со Торцида и наводно раководните луѓе на Хајдук се прават дека ништо не знаат за внесувањето на бенгалките и димните бомби. Како последица на тоа полицијата често одговорноста ја префрла на редарите, а редарите на полицијата и тоа оди до бескрај.
 
Викендов се одигра Јадранското дерби меѓу Хајдук и Ријека (0-3), а по натпреварот излезе видео на кое се гледа како навивачите на Хајдук досетливо ја внесуваат пиротехниката и покрај строгата контрола на полицијата која го чешла целиот стадион и секоја столица на трибината со најверните навивачи.
 
Внесувањето на бакљите:
 
Еве како изгледаше атмосферата на Хајдук - Ријека во 65-та минута за 65-от роденден:
 
Кореографијата на Торцида:
3 ноември 2015 - 10:09