Се работи за четвртфинален натпревар од Купот на Шведска меѓу Остер и АИК на кој кај судиите помина нешто што веројатно не би поминало секаде.
По само 7 минути игра гостите изведоа слободен удар. Сè си течеше регуларно, но додека Себастијан Ларсон се местеше да го изведе, еден навивач мафташе зад голот со факел.
Токму во моментот кога Ларсон шутираше, голманот од многу чад веќе не се гледаше и се наоѓаше како во облак.
Sebastian Larsson ser knappt målet pga röken. Hur kan domaren godkänna att frisparken slås där och då?
— Dala Ljung (@DalaLjung) March 10, 2019
(Obs..ironi) pic.twitter.com/0LpRlNUmbZ
Intressant att se hur Sebastian Larsson firade sitt frisparksmäl idag jämfört mot MFF I höstas. pic.twitter.com/H0dW5690fy
— Per-Olof Andersson🌟🌟 (@mffpo67) March 9, 2019
Ларсон го отвори резултатот, но одлично се гледа дека голем удел во тоа има навивачот на АИК кој му го попречува погледот на голманот и им помага на своите да погодат.
Судијата имаше увид во целата ситуација, но не се реши да го поништи голот. Правдата не ги стаса домаќините ниту резултатски, бидејќи тие се изборија за 2:2 во регуларните 90, но во продолженијата загубија 2:4 и се соочија со елиминација.
#FT Öster - AIK 2-4
— AIK France (@AIKFrance) March 9, 2019
⚽ S. Larsson 7'
⚽ D. Sundgren 85' (pen.)
⚽⚽ C. Obasi 98' 109'
-
⚽⚽ D. Kapcevic 42' 65' (pen.)
L'AIK se qualifie pour les demi-finales de Svenska Cupen !
Non sans mal après prolongations avec une défense fébrile, heureusement qu'Obasi était là. pic.twitter.com/0urmgivvJ3