Кореографија во Шведска со силна порака против модерниот фудбал

Шведската прва фудбалска лига прослави 100 години од своето постоење, а навивачите на АИК од Стокхолм ја разбудија креативноста до даска со импресивна кореографија. Прикажаа мапа на стара Шведска како се брани од напади на бродови на кои може да се забележат ФИФА, УЕФА, ВАР, еврото и доларот.

Идејата е да го истакнат нивниот силен отпор кон денешниот модерен фудбал кој стана бизнис во милијарди.

4 април 2024 - 15:32