1. Срамот
Според Најгел Николсон, психолог во Лондонската школа за бизнис (London Business School), ако сте богати може да бидете облеани со чувства на вина заради тоа што другите немаат толку колку вас, или од параноја дека другите ви завидуваат. Ова е познато како „товарот на богатиот" - понекогаш води кон панични реакции, како филантропски пориви, кои психолозите од ваквите бизнис училишта можат да ве научат како да ги надминете, со вежби за релаксација.
2. Дискриминација
Оние кои се школувани во приватни институции продолжуваат со образованието на елитни универзитети и потоа имаат одлични кариери, како што и би требало да биде, бидејќи нивните оценки се толку добри - сепак е трагично да се забележи горчината со која некои од аутсајдерите ја коментираат ваквата состојба на работите. Ставот на пролетеријатот кон приватните училишта стана „омраза која не се осудува да се искаже" според Антони Селдон, раководител на колеџот Велингтон. Некои од сиромашните му довикуваат: „Ама Антони, се осмелуваме! Навистина ги мразиме", ама тој за среќа не може да ги чуе, бидејќи тие ете немаат сила да се изразат.
3. Понекогаш, кога луѓето го проценуваат твоето богатство, грешат
Принцот Алвалеед бин Талал се изнервирал кога Форбс го проценил неговото богатство на 13 милијарди фунти кога тоа било поблиску до 20. И тоа проценката била направена откако им ги покажал документите! Навистина е гадно, можете да се тужите, тие можат да ви се извинат, ама болката останува.
4. Ако сакате да бидете актер, ќе ви дадат само улога на - богаташ
Ова не е фер заради две причини - прво, вас ве бива за имитирање на сите акценти, сте оделе во школо за глума како и сите останати. Само имајте предвид дека ако сепак дојдете на аудицијата таму ќе има и други од ваш калибар, кои можеби студирале на подобар универзитет и знаат некои тамошни специфични вештини, на пример закопчувањето на крагна на кошула (stick-up) на Итон.
5. Бесконечна администрација
Луѓето кои купуваат само сендвичи и бела техника не сфаќаат дека ако купите нешто големо, како на пример остров, тоа трае цела вечност. Што е стресно, бидејќи вие сте одлучиле дека го сакате, како во случајот со сендвичот, и сакате тоа веднаш и да си го добиете.
6. Кога сте банкар, луѓето ве обвинуваат за банкарскиот систем
Ова ич не е фер. Вашата плата е симптом на целосно первертиран систем, во кој профитот се генерира во отсуство на конкретна вредност во реалниот свет, барем додека не дојде даночна пријава, но таа не е причина за таквиот систем.
7. И само што сте го фрлиле секирчето и сте почнале да си ја глеате својата работа...
Некој ви ги сака парите. Тоа го викаат „данок". Иако никогаш не ги користите нивните посрани патишта, и нивното патетично, смрдливо, застојано социјално ткиво. Овие мали луѓе ја мразат вашата креативност, па и вие затоа ги мразите. Тогаш морате да менувате земји, станувате номад, со очајна душа на бегалец.
8. Некои луѓе, особено луѓето кои не се богати, немаат идеја за тоа колку мала може да биде куќа од 2 милиони евра
Вила? ОВА ГО НАРЕКУВАТЕ ВИЛА? Не би натерал ни кучето на мојот душман да живее во ова. Не е ни блиску до парк.
9. Не можете да го добиете тоа што го сакате (1)
Барате дадилка а добивате некој кој тренирал таеквондо и сака истовремено да биде и бодигард. Знаете колку скока цената заради ова?
10. Не можете да го добиете тоа што го сакате (2)
Еднаш имав чистачка, таа беше поквалификувана од мене, и веројатно поинтелигентна, што ќе го знаев со сигурност да бев билингвална како неа. Таа ми ги собираше гаќите 13 години, никогаш не покажувајќи некаква огорченост. Но не и одеше муабетот со девојка ми, па ја отпуштив. Не, стварно. Нервира.