Бројките се од извештајот на британски Оксфам а намерата е да се нагласи растечката концентрација на светското богатство кај се помал број луѓе, што традиционално го прават пред годишното собирање на најбогати луѓе во Давос.
Оксфам пресметале и дека богатството на 2.200 милијардери околу светот во 2018 пораснало за 900 милијарди долари, или по 2,5 милијарди долари на ден. Ова е раст од 12% на богатството на најбогатите луѓе, додека за истиот период најсиромашниот дел од светската популација бележи пад на богатството за 11%.
Извештајот има и други откритија:
- Во 10-те години по финансиската криза, бројот на милијардери е зголемен речиси за два пати.
- Меѓу 2017 и 2018 на секои 2 дена се создава нов милијардер.
- Во 2018 богатството на Безос се зголемува за 112 милијарди долари.
- Само 1% од богатството на Безос е еднакво на целиот здравствен буџет на Етиопија, држава со 105 милиони луѓе.
Нивната процена е дека растечката нееднаквост и наштетува на борбата против сиромаштијата, дополнувајќи дека со зголемување на данокот на богатство за 1% годишно би се собрале дополнителни 418 милијарди долари. Овие пари според нив се доволни за „секое дете што не е на училиште да добие образование и да се обезбеди здравствена заштита која би спречила 3 милиони смртни случаи“.