- Норвешката влада побара од Суверениот фонд да ги преразгледа сите инвестиции во израелски компании, за да спречи каква било поддршка на геноцидот во Газа.
- „Ќе инсистирам фондот да не поседува акции од која било компанија поврзана со војната во Газа или со окупацијата на Западниот брег. Сосема е јасно дека Норвешка не треба да поддржува бизниси со кои потенцијално би се прекршило меѓународното право“, изјави премиерот Јонас Гар Стор.
- Одлуката е реакција на извештајот на весникот Aftenposten дека Суверениот фонд во изминатите две години четирикратно ги зголемил инвестициите во израелската фабрика за авионски мотори „Бет Шемеш“, која ги одржува борбените авиони што ја бомбардираат Газа.
- Директорот на Суверениот фонд, Николај Танген, ги призна инвестициите, спроведени преку посредник, но одговорноста ја префрли врз властите: „Парламентот одлучи дека треба да се инвестира во Израел, па тоа го направивме и ние. Не инвестираме намерно за да извлечеме профит од ситуацијата таму“.
- Суверениот фонд на Норвешка е најголем во светот. Располага со 1.900 милијарди долари и поседува просечно по 1,5% од сите компании што се на берзите.
- Британија и Франција постепено ќе го укинат договорот за размена на мигранти според принципот „еден внатре – еден надвор“, бидејќи биле депортирани премалку лица.
- Од склучувањето на договорот во август 2025 година па заклучно со 1 октомври годинава, во Франција биле вратени повеќе од 1.500 нелегални мигранти, а во спротивна насока биле префрлени нешто помалку од 1.500 легитимни баратели на азил во Британија.
- Проценетите трошоци за шемата изнесуваат 56.000 фунти по вратен мигрант, што достигнува вкупна сума од околу 84 милиони фунти.
- За споредба, во истиот период повеќе од 40.000 нелегални мигранти пристигнале во Обединетото Кралство со мали чамци.
- Лондон бил подготвен да го продолжи договорот, но Париз одбил, со образложение дека сака шема за враќање на ниво на целата Европска Унија.
- Изминатиот септември беше првиот по 32 години во кој немало ниту еден ураган во Атлантикот. Ова се случило само три пати досега – во 1994, во 1972 и во 1962 година.
- Просекот е 7 урагани во сезона, од кои 2 до 3 се во септември.
- Аномалијата се смета за последица на пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, за кој се предвидува дека годинава ќе биде најсилен досега.
- Оваа година може да биде првата без ниту еден ураган во Атлантикот откако во 1950 година почна да се води прецизна евиденција. Во просек во октомври се формира по еден ураган годишно, а повремено може да има и во ноември.
- Најмалку, само по два, имало во 1982 и 2013 година.