Нишикори од реклами зема повеќе од Меси, Ѓоковиќ и Надал

„Би сакал да живеам во Јапонија, но тоа е невозможно, би полудел таму затоа што не можам на улица да излезам а да не ме следат луѓе“, вели јапонскиот тенисер кој заработува „грдни пари“.

На скорешниот US Open 20-годишната Наоми Осака стана првата тенисерка и тенисер воопшто во историјата на Јапонија кој освоил Гренд Слем.

Веднаш по сензационалната победа над апссолутната фаворитка Серена Вилијамс, се појавија вест за тоа како Наоми ќе го материјализира големиот тениски успех. Веќе во понеделникот станало јасно дека нејзиниот нов договор со adidas ќе биде најголемиот во историјата на женскиот тенис - 8,5 милиони долари годишно!

Колку за споредба: На крајот од минатата година adidas не се согласил да и плаќа 2 милиони долари на првата рекетка на светот, Романката Симона Халеп (таа сега има договор со Nike вреден 1,7 долари годишно).

А во четвртокот Наоми станала заштитно лице на автомобилскиот гигант Nissan: договорот е потпишан на 3 години а финансиската страна не е соопштена.

***

За да оцениме каква перспектива и се отвора на ултра-талентираната Наоми Осака која веќе неколку години живее со родителите во САД, доволно е да се погледне финансискиот успех на Јапонецот Кеи Нишикори.

Нишикори стана еден од најбогатите тенисери и воопшто спортисти на светот иако не освоил ниту еден Гренд Слем во кариерата, односно има само едно играно финале каде изгуби и тој никогаш не освоил ниту еден турнир посилен од категоријата ATP500.

Во превод - Нишикори нема ниту една елитна титула во кариерата.

- По последниот рејтинг на Forbes, Нишикори е трет на списокот најбогати тенисери на светот. Од јуни 2017 до јуни 2018 тој заработил неверојатни 34,6 милиони долари од кои дури 33 милиони од спонзорски договори, а другите од настапите на турнирите.

По приходи од спонзори Кеј Нишикори го зазема ворото место во тенисот, веднаш зад неприкосновениот Роџер Федерер кој зема цирка 65 милиони долари годишно. Од областа на рекламите Јапонецот зема дури 6 милиони долари повеќе од 17-Гренд Слем освојувач Рафа Надал, 11 милиони долари повеќе од 14-кратниот Гренд Слем шампион Новак Ѓоковиќ и дури 22,5 милиони долаи повеќе од 3-кратниот освојувач Енди Мареј.

За споредба, најуспешната женска тенисерка Серена Вилијамс од спонзорите кои ги рекламира заработува 15 милиони долари помалку од Нишикори!

- Ако гледаме не само во тенисот туку во спортот општо, според Forbes, повеќе пари од Нишикори од спонзори заработуваат само шест луѓе: Федерер, Леброн Џејмс (52 милиони долари), Кристијано Роналдо, Стеф Кари (по 41 милион долар), голфистите Тајгер Вудс (42 милиони долари годишно) и Фил Микелсон (37 милиони годишно).

Лионел Меси, например, од спонзори зема вкупно 27 милиони долари годишно а еден Конор МекГрегор - 14 милиони долари.

- На официјалниот сајт на Нишикори стојат 14 спонзорски партнери од кои 9 се најголемите јапонски компании. Од меѓународните фирми Кеј соработува само со Nike (од 2017 година носи нивни патики), со производителот на рекети Wilson, со автоконцернот Jaguar, со пицеријата Weider и со меѓународната фирма IMG (таа ги застапува неговите интереси но не го спонзорира). Претходно Нишикори соработувал и со производителот на часови TAG Heuer.

- Повеќе од половината јапонски спонзори на Нишикори соработуваат со организациониот комитет за Олимпијадата 2020 во Токио. Тука се например производителот на пиво и безалкохолни пијалаци Asahi, најголемата телекомуникаиска компанија во Јапонија NTT, авиопревозникот Japan Airlines, производителот за домашен мебел и материјали Lixil како и со гигантот за брза храна во Јапонија Nissin.

Со сите овие фирми и гиганти Кеј Нишикори потпишал нови договори во последните 12 месеци и сите се согласиле за договор најмалку до 2020 година.

Освен тоа Нишикори би требало да биде едно од главните лица за Олимпијадата во Токио што дополнително би го зголемил неговиот потенцијал за нови спонзорски зделки.

- За време на натпреварите додека е на теренот на неговите маици стојат неговите два најголеми спонзори - Nissin и Lixil. Со нив Кеј соработува уште од 2008 година а од 2012-та компанијата направила посебен оброк под под името на Нишикори.

Интересно, Нишикори на Nissin им ги дал и „правата на името“ па во јапонските медиуми може да сретнете наслов: „Кеј Нишикори (Nissin Foods) во полуфиналето на US Open изгуби од Новак Ѓоковиќ (Србија).“

- Во Јапонија каде што живеат околу 127 милиони луѓе Кеј Нишикори е најпопуларниот спортист. Уште од времето на „Проект 45“ (така го викале Кеј кога земјата чекала да стане првиот Јапонец во топ-45 на ранг листата) и му се посветувало големо внимание.

Кеј во едно интервју признал дека во татковината доаѓа максимум три недели во годината и многу му е тешко да се носи со страшната популарност.

Тој жиивее во САД а имал дом и во Токио. Вели дека во овој град треба да излезе во наочари за сонце, со капа и замаскиран за да не го препознаат инаку нема да може да си оди.

Организаторите на ATP Токио никогаш јавно не објавувале кога има тренинг за да не нагрне народ.

17 септември 2018 - 16:05