Најбогатите 1% Американци и најсиромашните 50% од нивните сонародници, и во 2016 година направија фин трансфер на парите, во старата добра позната насока. Овие првиве и натаму успеваат да цедат пари од сите други сегменти во општеството.
Американските мулти-милионери лани мазно успеале да прелеат 14 факинг трилиони долари богатство од остатокот на нацијата. Нема простор да го жалите оној остатокот до топ 10% најбогати кои сè уште имаат просечно нето богатство од 1,3 милиони долари по човек, бидејќи речиси половина од оној прелеаниот дел (1,94 трилиони) дошол од најсиромашните 90%.
Изразено во кеш, секое семејство од цела таа маса изгубило по 17.000 долари имот и заштеди од супер- богатите.
Загубата изгледа уште пострашно за американската средна класа: ако се земе само таа во равенката, секое семејство кое припаша во тој ранг изгубило по 35.000 долари што завршиле кај убер богатите плутократи во земјата.
А на Трамп и неговите фанови криви им се дојденците.