Златни кади, бенгалски тигри, најскапи коли - како Тајсон пеплосал 700 милиони долари

Мајк Тајсон на времето уриваше не само спортски рекорди (најмлад и апсолутен светски шампион во историјата на тешка категорија), но и финансиски. Викендов сабота спрема недела после цели 15 години ќе се врати во рингот и ќе боксува против стар ривал.

Некаде во средината на '90-те години на банкарските сметки на Тајсон од хонорари за борби и рекламни договори имало повеќе од пола милијарда долари!

Тајсон изгубил речиси уште толку поради финансиските превари на промотерот Дон Кинг.

МАЈК НЕ ЗНАЕЛ КАКО ДА УПРАВУВА СО НЕГОВОТО БОГАТСТВО, ЕДНАШ Ѝ КУПИЛ НА ЖЕНА МУ ЗЛАТНА КАДА ОД 2 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Еден од најголемите боксери на сите времиња огромни хонорари добивал практично од првата шампионска борба, против Тревор Бербик во ноември 1986 година. Тогаш добил астрономски за тоа време: 1,5 милиони долари.

Тајсон (54) за помалку од една година после таа борба станал апсолутен шампион и веќе заработувал по десетина милиони долари.

Во 1988 година поставил рекорд за заработка на најголемиот хонорар во историјата до тој момент - 22 милиони долари по триумфот над Мајкл Спинкс. Преведено: Мајк за секоја секунда од таа борба земал по 240.000 долари.

Ни самиот не знаел колку пари имал и просто не знаел на што сè да ги потроши.

„Во младоста не знаев како да раководам со парите. Частев луѓе пари, договарав забави и оргии. Изгубив памет. Бев болен и не сфаќав дека сум болен. Купував многу коли за девојките“, се сеќава Мајк.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

На свои 30 години организирал раскошна забава која чинела 410.000 долари.

Пред неколку години изданието MoneyMakers подробно го скенирал слаткиот живот на Тајсон кога овој беше најјак боксер и најбогат спортист на светот.

Живеел во огромна палата во Конектикат со 21 соба и 24 купатила. Палатата имала повеќе од 15.000 квадратни метри. Била толку голема, пишува изданието, што таму имало дури и ноќен клуб и казино.

Тајсон имал големи палати и во Мериленд, Охајо и Лас Вегас. 

Во целата кариера купил 111 автомобили, а уште 19 за пријателите. Меѓу неговите ѕверови од коли најмногу го сакал Бентли Continental SC за која одвоил 500.000 долари! Во неговиот авто-парк имало Ферари, Ламборгини, Ренџ Ровер, Мерседес Бенц 500 и Ролс Ројс. 

Често се случувало тој и да ги остави автомобиле кај некои пријатели и просто да заборави дека го има. Не можел да се сети што веќе купил.

Кулминација на неговиот бахат живот било кога на својата прва жена Робин Гивенс за Божиќ и купил када од чисто злато. За тоа платил надреални 2 милиони долари.

Во подкастот кај Џо Роган Мајк Тајсон раскажа дека Гивенс го лупнала неговото Бентли Continental SC вредно пола милион долари, а после Тајсон му дал на полицаецот кој дошол на местото на хаваријата, да го провози џипот.

„Реално се спремав да бидам уапсен. Му предложив на џандарот да ја земе колата, и прифати. Просто дојдов до кај него и му реков: „Сер, едноставно зошто не ја земете колава? Не бев многу исплашен. „Земете ја удрената кола, добро?“ Кога тој прекина да пружа отпор, ме сфати. Ја сакаше колата. Му реков: „Не, вие многу работите, ризикувате живот. Земете ја колава!“.

Во 1992 година Мајк имаше сериозни проблеми. Го уапсија поради обвинението за силување на Дизаер Вашингтон. Во затвор лежеше 3 години, но дури и откако излегол од таму, Мајк не прекинал да живее расипнички.

За борбите со Питер Макнили, Брус Селдон и Ивандер Холифилд кои светот со нетрпение ги чекаше за повторно да го гледа Мајк, Тајсон добил повеќе од 100 милиони долари.

Тие 100 милиони ги потрошил на следниот начин:

- 4.500.000 долари на автомобили и мотори
- 100.000 месечно за накит и облека
- 400.000 на птици и разни големи мачки меѓу кои и фамозните бенгалски тигри
- 125.000 годишно на дресура на животните
- 300.000 долари годишно за одржување на дворови и градини
- 230.000 на мобилни телефони, пејџери и сметки

Тајсон ја запрепасти јавноста кога објави дека купил 3 бенгалски тигри и дека ги чува дома. За оваа историја раскажа во поткастот кај Роган:

„Јас во тоа време бев во затвор и разговарав само со својот агент. Ми кажа дека има неколку коли земени на кредит од наш заеднички пријател кои не успеал да ги исплати. „Ако не плати за колите, ќе му ги откупам, па ќе ги продадам и ќе си купам за себе неколку коњи.“ Јас тогаш го прашав: „Ти можеш само така просто да земеш коњи, да ги замениш за колите што ги имаш“?

Јас имав неколку коли кои веќе ми здосадија и сакав да купам неколку чистокрвни рисови. И он ми кажа: „Да, луд, можеме да земеме не само коњи, туку и пуми, лавови, тигри...“ Му одговорив: „Не се зезаш, така? Можеш да ми донесеш пар тигри?“ -„Да, секако дека може. Замисли како ќе биде, ти излегуваш од својот Aston Martin или Ferrari а заедно со тебе излегува и тигар. Колку лудо!

И јас тогаш сосема млад и незрел дечко, викнав: „Леле стварно колку е лудо! Донеси ми пар тигри лудак!“

Секој од нив го чинел Тајсон по 70.000 долари. Уште 12.000 долари месечно давал на нивна нега и исхрана. Една од тигриците ја нарекол Кенија. Таа му била омилена и ја чувал цели 16 години. Му ја одземале после еден инцидент кога Кенија нападнала и гризнала некој од соседите. 

„Еден ја прескокна оградата каде беше тигарот и почна да игра со него. Тигаров не ја знаеше таа девојка, така што тоа беше несреќен случај. Влезе на посед каде што се наоѓаше тигарот. Пробаа да ме дадат на суд додека не дознаа дека таа направила прекршок. Кога видов што направил тигарот на нејзината рака, и дадов 250.000 долари. Не може да поверувате што може да направат со човечко месо, јас појма немав. Тогаш бев лудак, ни малку не бев способен да ги обуздамтие диви мачки во целост“, раскажа Мајк Тајсон.

Според реномираниот Forbes, за цела кариера Мајк заработил околу 685 милиони долари, но во 2003-та година објави банкрот. Покрај тоа, по налог на судот морал да им плати на даночните обврзници 23 милиони долари па затоа пред крајот на кариерата морал да прифати некои договори кои сериозно му се одразиле на наследството.

Во последните пар години Тајсон малку се прибрал. Успешно го монетизира своето име, зема убава сума на пари за појавувања во реклами, видеа, клипови и гостувања на телевизии. Има свој подкаст и од пред неколку години и свој бизнис - сади и продава канабис за медицински цели.

Во 2019-та година богатството му било проценето на 3 милиони долари (од некогашните 750-800 милиони).

ЗА МЕЧОТ СО РОЈ ЏОНС ЌЕ ЗЕМЕ НАЈМАЛКУ 10 МИЛИОНИ ДОЛАРИ, НО ВЕТИЛ ДЕКА ЌЕ ГИ ДАДЕ ВО ХУМАНИТАРНИ ЦЕЛИ

Мечот кој со нетрпение се чека, меѓу ветераните Тајсон и Рој Џонс требаше да се одржи на 12 септември, но организаторите го одложија за 28 ноември. Разни извори пренесува дека главна приина е продажбата на права за пренос.

Според информациите на инсајдери, тв правата ги купиле за 50 милиони долари. На Тајсон му следува гарантиран, сигурен хонорар од 10 милиони долари, а уште 10 милиони може да добие ако мечот собере поголем број гледачи на платната платформа.

„Ќе дадам сè во хуманитарни цели. Среќен сум што денес немам толку пари како што имав порано. Среќен сум со тоа што се бавам денес. Никој не може да ми ги земе моите пари, сега околу мене веќе нема стрвници. Просто сум задоволен што можам да се занимавам пак со мојот омилен спорт“, рекол Тајсон.

Легендарниот Рој Џонс ќе има загарантиран хонорар од 10,5 милиони долари и најверојатно нема да го следи примерот на Тајсон да донира во хуманитарни цели. Рој неодамна доби руско државјанство и објави дека му се повторила судбината на Тајсон - банкротирал.

Тој требал да плати 3 милиони долари кај даночните обврзници во САД, а тие пари ги платил неговиот нов руски промотер.

 

25 ноември 2020 - 01:18