Јазот во приходите на територијата на САД не бил никогаш поголем од денес. Проблемот е толку видлив што не можат да го одминат ни надмените претседателски кандидати од Републиканската партија па така за нееднаквоста минатиов период зборуваа и Крис Кристи и Џеб Буш и Доналд Трамп. Иако и самите се дел од привилегираното малцинство (особено Буш и Трамп) и им е прилично јасно дека со децении профитираат од приходните диспаритети во САД.
Истражувањата на Галуп покажуваат дека Американците се свесни за нерамноправоста а и правилно проценуваат дека системот ги фаворизира богатите. Но, не секогаш се прецизни кога ја оценуваат сопствената позиција во распределбата на парите.
Не само што заработуваат помалку отколку што би требало (ако платите држеа чекор со инфлацијата, продуктивноста или со покачувањето на приходите на ултрабогатиот еден процент), туку "средната класа" дополнително го јаде стапот преку даноците, трошоците за станување и образованието.
"Да знаат тие како навистина комфорно живеат богатите како Буш и Трамп, веројатно би се ставиле самите во категоријата "немаштиjа", пишува Хана Олсен во Дејли Дот.
А на богатите им оди одлично. На пример, барањето за покачување на минималната сатница (која со децениии не е променета) на 15 долари, извршниот директор на Dunkin' Donuts го оцени како "скандалозно". Истиот тој Најџел Тревис годинава заработи 10, 2 милиони долари. Неговиот работен час вреди 5.800 долари, двојно повеќе отколку што му вредел лани.
Просечен американски ЦЕО заработува 300 пати повеќе од вработените а платата му е зголемена 54 проценти од почетокот на економското закрепнување во земјата. Во истиот тој период, минималецот не е мрднат.
Оние што не се на минималец, исто така се замрзнати. Ако платите на средната класа држеа чекор со богатите, денес годишно ќе заработуваа 156,318 долари. Наместо тоа, заработуваат 76.000 долари.
Една овогодинешна студија покажа дека буквално во секоја сојузна држава сиромашните плаќаат поголем процент од своите примања за даноци отколку богатите. Во Вашингтон, на пример, долните 20 проценти одвојуваат 17 проценти од своите примања за даноци, додека оние од Топ 1% данокот им тежи само 2,5 проценти од приходите.
Во реалноста: оној што заработува 20.000 годишно, сега плаќа 3,360 долари данок. Да беше ултрабогат, на тие пари ќе плаќаше само 500 долари.
Инаку, Буш е проценет на 22 милиони долари а Доналд Трамп тежи 4 милијарди.
Три видеа на оваа тема:
Нерамноправопноста која директорите не сакаат јавноста да ја види:
Како нееднаквоста ги разјадува општествата:
Како даноците влијаат на јазот во примањата:
Види ја и нашата статија: Исповед на еден уплашен богаташ