Таг: богати

А зошто данок од 70% за богаташи да не е разумен?

Откако тазе демократската конгресменка Александриа Окасио-Кортез предложи данок од 70% за оние со богатство на 10 милиони долари, народ се побуни како на сите да им фалат 100 долари до 10 милиони.

Најдобра фора за нега на кожата е да бидеш богат

Многу важно во овој третман кој се препорачува да трае цел живот е парите да не ги триеш директно на лице.

Магла, огледала и конгресни сослушувања

Во речиси исто време кога комплетна американска јавност (и вакви и такви) беше залепена пред каков екран и да им е достапен и го гледаше сослушувањето на кандидатот на Трамп за Врховен судија, Брет Кавано, во американскиот претставнички дома беа изгласани даночни олеснувања за најбогатите Американци во износ од 3100 милијарди долари.

Митот за 99%

Што се однесува на поделбата на богатството општиот впечаток и уверување меѓу Американците е дека државата е поделена меѓу 1% кој поседува значителен дел од парите во земјата, и 99-те проценти или „луѓето“. Иако не го спори ова, Метју Стјуарт од Атлантик лицитира околу процентите.

Колку пари ти требаат за да си богат во Америка?

По некое ново редефинирање значителен број луѓе не мислат само на пари, за кои некоја почетна разумна граница е неколку милиони долари, кога зборуваат за богатство.

2017 - одлична година за богатите

Всушност, за богатите никогаш нема лоша година, но, 2017 година се покажа како особено „бериќетна“. А платите на работниците тлеат.

На богаташите им е многу, ама многу непријатно што се богати

Истражувајќи за својата книга Неспокојот од изобилието, авторката Рејчел Шерман открива дека на богатите им е непријатно од тоа што се богати, или барем им е непријатно да бидат етикетирани како "богати". Притоа да нема заблуда дека заради незгодното овие луѓе планираат да се отарасат од парите или да ги праќаат децата во државни училишта.

Америка е за богати. Точка.

Мнозинството Американци се свесни за огромниот јаз во приходите но веруваат дека самите се наоѓаат на подобрата страна од кањонот. А грешат.

Филантропијо, и на Бога си му тешка

Дали филантропијата, која во буквален превод значи љубов кон луѓето, може да биде нешто лошо? Може, ако е во спрега со капитализмот, кој под плаштот на таа иста љубов само ја поддржува постоечката нееднаквост, спречувајќи ја порамномерната дистрибуција на богатство и моќ.

Дали сиромашните попаметно трошат пари?

Преовладувачкото размислување е дека сиромашните се помалку компетентни од богатите, со тоа што ова има одреден апгрејд според кој сиромашните имаат фалични вредности и начин на размислување. Не така преовладувачки е ставот дека во сиромаштија луѓето развиваат уникатни вештини.

Богатите спијат подобро

Класните разлики не запираат пред спалната соба а богатите луѓе не се погалени само од јавето туку и од сонот.

На никој не му е гајле што мислиш, освен ако не си богат

Во политиката има три главни фактори што влијаат на донесувањето на политичките одлуки: колективното мислење на просечниот граѓанин, колективното мислење на богатите, лобијата и групите на интерес. Забелешка: сите три не се подеднакво важни.

Каде сме биле грешка за најбогатите

Најголемиот "грев" е што цело време се удира по кутрите најбогати 1% од населението и како нивните приходи се небесно пораснати во однос на останатите 99%. Всушност проблемот се најбогатиот 1% меѓу најбогатите.

Зошто богатите жени не се дебелеат

Во многу земји во светот (вклучително и во Африка), дебелина станува поголем проблем од гладот. Кога ќе се стави националната тежина во некои демографски колони, се добиваат чудни мостри. Овојпат, за тоа како парите обратно делуваат кај мажите и кај жените.

Татковци и синови

Наспроти големите зборови за добрата бизнис клима и пресудноста на претприемачкиот дух, шансите еден сиромашен земојделец од Србија да одшколува свое дете за политичар изнесуваат 2 процента.

Богатите се шуги

По основа на тоа дека богатите повеќе се буткаат на раскрсница, психолозите од Беркли тврдат дека луѓето колку се побогати, толку се по нечувствителни.