Колку луѓето се повисоко во општеството, толку повеќе опаѓа нивното сочувство за другите луѓе, објаснуваат психолозите Пол Пиф и Дахер Келтнер.
Тие дошле до заклучокот по спроведување на неколку студии. Во првата го следеле однесувањето на возачите на фреквентна раскрсница.
Резултат: возачите со полуксузни автомобили било поверојатно да му упаднат на некој друг во лента или да не чекаат ред. Ова важело и за мажи и за жени.
Во втората студија Пиф ги манипулирал класните чувства на луѓето. Истражувачите побарале учесниците да потрошат неколку минути за да се споредат себе си со луѓе кои финансиски се над или под нив. По ова им било понудена тегла со бонбони и можеле колку сакаат да земат со себе, а она што ќе останело било наменето за децата во соседната лабораторија.
Резултат: Испитаниците кои минале повеќе време мислејќи колку се подобри во споредба со другите, на крај земале многу повеќе слатки за себе, оставајќи помалку за децата.
Неговиот колега Келтнер, истражувал како социјалната класа влијае на сочувството кон луѓето кои страдаат.
Резултат: Луѓето кои се помалку имотни е поверојатно на дневна база да признаат сочувство кон другите. Ова не се променило ниту кога биле земени во предвид и други фактори како пол, националност и религија.
За другата студија што ја спровел Келтнер, испитаниците требало да гледаат телевизија, додека се мерел нивниот пулс. Во едното видео бил покажан човек како поплочува двор, а во другото деца кои страдаат од рак.
Резултат: Учесниците со помали примања и образование, било поверојатно да сочувствуваат со децата.
ТОТАЛ: Пиф и Келтнер сметаат дека причината за ова е што богатството и имотот ни даваат чувство на слобода од другите. Колку помалку зависиме од другите, толку помалку ни е грижа за нивните чувства, заради што и стануваме повеќе фокусирани на себе. Друга причина за ова е алчноста и дека луѓето од повисоките класи е поверојатно да бидат алчни. Истражувањата на Пиф, покажале и дека побогатите е поверојатно да се сложат со изјави како алчноста е оправдана или корисна.