Подарокот за богаташите беше дел од пакетот Даночни реформи 2.0, а главен ќар од нејзе ќе има популацијата за која американските законодавци веруваат дека има најголема потреба од тоа - оние со годишни приходи над 3,9 милиони долари.
Со новиот закон корпоративната даночна стапка е намалена од 35 на 21 процент.
За време на дебатата демократите го отфрлале и постојниот даночен закон и новиот предлог по основа дека тој само ќе го зголеми дефицитот од 21.000 милијарда долари, по нивни проценки, за 1.500 милијарди долари во следните 10 години.
Ова е втор пакет даночни олеснувања што републиканците го имаат изгласано за помалку од една година.