Стјуарт тврди дека не се работи за 1%, туку за 9,9% од популацијата што ја составува новата американска аристократија. Она што ја одбележува оваа група е што често „го вади богатството од продуктивните активности и го вложува во ѕидини“.
„Меѓутоа оваа група луѓе е богата со многу повеќе работи отколку само со пари, има подобро здравје, постабилно семејство, живее во оградени населби, подобри можности за образование и може сето ова да го пренесе на своето потомство,“ пишува Стујарт.
Високата класа денес изгледа поинаку отколку низ историјата само затоа што е „замаскирана“ па има „понормална“ облека што не ја двои од просечниот Американец и почнува да вклучува луѓе од други националности и раси. Ваквото поматување никако не значи дека средната класа и се има приближено, напротив, таа е оддалечена од сè останато како никогаш до сега.
Иако парите се важни, главната закана од оваа група е нејзина константност, која „преставува притаена закана за ветувањето на американска демократија.“