Дебелината станува проблем со епидемијски пропорции, особено во некои богати и развиени земји. Се разбира, како што е тоа од памтивек, од проблемите најмногу страда сиромаштијата. Но, има чудни контури кога се разгледуваат други аспекти, на пример како личното богатство различно влијае врз килограмите кај мажите и жените.
Неколку куси поенти:
* На светско ниво, жените имаат 1,4 пати повеќе шанси да се здебелат отколку мажите. Но, во земјите со високи плати, оваа разлика исчезнува.
* Во САД вакви разлики постоеја до неодамна. Во 2.000 година жени со вишок килограми има 33,4 % а мажи 27, 5%. Десет години подоцна, процентите се нивелираат.
* Меѓу килограмите и приходите постојат спротивни корелации. Мажи: што повеќе пари, толку повеќе килограми. Кај жените не е така.
* Можна причина за ваквите трендови е фактот дека во бизнис светот, различно се третираат тешките мажи и тешките жени. Една анализа на фотографии од канцеларии на извршни директори, покажува дека дебелките мажи се фер присутни додека дебелките жени ги нема.
* Вишокот килограми нема само различни економски резултати. Американките со повеќе килограми од посакуваниот просек статистички имаат помалку шанси да се омажат а нивните изгледи да се запишат на факултет се преполовени во однос на другите. И згора на се, двојно повеќе страдаат од болест или депресија од нивните браќа по килограми.