Колачето нема душа, тоа е само колаче. Но, пред него се млекото и јајцето. А јајцето има потенцијал за живот.
Фациниран сум од воздухот. Ако го отстраните сиот воздух од небото, сите птици ќе паднат на земја. И авионите!
Мојата жена не е најдобар сексуален партнер ама добра е по дома.
Го сакам каратето, тоа за мене е како Библија. Но, длабоко во себе, јас сум чувствителен.
Снимањето на Street Fighter беше банално. Ама имаше и добри моменти. Ја видов Австралија и имав една мини афера со Кајли Миног. Ако некој ја види, нека ја поздрави од мене.
Мојата последна борба беше пред 20 години. Јас не сум борец, јас сум љубовник. Ако некој зборува лошо за мене, ќе заминам. Ама ако тип како Стивен Сигал ми мавне шамар, ќе го удрам два пати појако. Животот е полн со насилство.
Да го покажам задникот не ми е никаков проблем. Друга приказна е со предницата. Не сакам да ги изгубам сите мои фанови.
За да стигнам од еден крај на собата до другиот, потребни ми се десет секунди. А на птицата само една секунда, а на кислородот ниедна!
Воздухот е преубав, а не може да го видиш. Мек е, а не може да го допреш. Воздухот малку личи на мојот мозок.
Во 3.000-та година луѓето ќе комуницираат со помош на звучни бранови. Немојте да мислите дека сум луд, Китовите и делфините и денес така зборуваат.
Ако чукаш со чекан и се случи земјотрес, престани да чукаш. Џабе чукаш.
Не ти треба блиц за да фотографираш зајак бидејќи тие веќе имаат црвени очи.
Без разлика што пишуваат весниците за мене, јас сум едно од најчувствителните суштества на планетава. И го знам тоа.
Обожавам животни. Имам 9 кучиња и маче. Мојот најголем оргазам - не во сексуална смисла - е да шетам со кучињата на плажа.
Очигледно имам земано дроги.