Според статистиките на Институтот за економски политики, од крајот на 70-те па до денес богатството на најбогатиот 1% од населението е пораснат за 309%. Ама една друга статистика прави многу разлика во перцепцијата.
"Пред неколку недели го објавив овој графикон (од World Top Incomes Database), кој покажа дека најбогатиот 0,01 процент, ги остава зад себе останатите богаташи од најбогатиот 1%.
Дополнителната анализа од економистот Амир Суфи, покажува дека кога ќе го погледнеш најбогатиот 1%, јасно е дека мнозинството дел од нив воопшто не го зголемуваат својот удел од богатството. Всушност, зголемувањето на уделот на богатството се случува само кај најбогатиот 0,1% од земјата, додека останатите 0,90% од топ 1% речиси и да немаат промена во богатството од 60-те. 0,01% во основа за 4 пати го има зголемено својот удел во богатството на земјата во последните 50 години," пишува Дерек Томсон за Атлантик.
Оваа група (0,1%) во најголем дел е составена од банкари и ЦЕО-а, кои ги работат берзите со цел да соберат вонредно големи приходи, "и овој приход од инвестиции, а не регуларниот заработен приход, ја создава неверојатната разлика во богатството." Плус, 0,1% не е секоја годна истата група на луѓе. Ако пребројуваме по Форбс топ 400 листата на најбогати луѓе, на неа во периодот од 1992-ра до 2008-ма се појавиле вкупно 3.672 лица, од нив само 1 процент се појавува во секое издание во изминативе 17-години.
"Тоа е вашиот 1 процент," порачува Томсон.