Во целата работа најпосакуваниот исход за богатите е околината да ги смета за "нормални".
Иако ваквото инсистирање на нормалност е некако природно спорно, Шерман објаснува дека проблемот е во тоа што премногу детално го анализираме однесувањето на ултра-богатите (дали се снобови, дали се генијалци, дали се фини со секој што ќе го сретнат...), со што поставуваме некакви "темели дека на тие луѓе легитимно им следува да бидат богаташи". Односно, ако човекот е "добар богаташ" тогаш е во ред што има пари, ако е "лош богаташ" тогаш тоа станува проблем.
Една од анкетираните жени во книгата објаснува дека тоа што имотните луѓе се срамат околу сопствените пари е штетно затоа што прави богатите да донираат помали суми во добротворни цели. Шерман појаснува дека најголемиот дел од луѓето кои наследиле пари "се чувствуваат некако виновни", па се обидуваат тоа да го скријат од самите себе, и не можат да преземат ништо околу тоа.
Дел од заклучокот до кој доаѓа Шерман во интервјуто за Вајс е дека "емотивните маки од чувствувањето вина" некако им компензираат на богатите кои заради тоа можат многу полесно да се справат со нееднаквоста на приходите во општеството.