Ако сакате да го фатите стилот на луѓето кои имаат пари за фрлање, заборавете на домашен солариум, теретана или гаража ил базен. Спиењето на раат е најновата ставка која ги раздојува позициите во класно поделените општества.
Кога партнерот рка како пилана, на нормален човек му останува да си земе ќебенци да се префли на троседот во дневна. Не и на богатите кои можат да си дозволат лична соба за рчење.
Трендот за "snorring rooms" беше најавен во крем магазините уште пред 6 години кога се предвидуваше дека во иднина сè повеќе ќе се бараат домови со две главни спални соби. Денес овој тренд е во полн ек.
А заинтересирани има.
30 до 40 проценти од брачните двојки на Запад спијат одвоено. Се чини тоа како симптом на нехармоничноста на денешниот брак но факт е дека до викторијанското време тоа било стандардно решение. Психолозите сметаат дека одвоеното спиење на сопружниците не мора да е знак за криза во бракот. Одвоеното спиење едноставно е поздраво.