Таг: училиште

Зошто Илон Маск отвори сопствено училиште за своите деца?

Илон за сега има 6 деца, еден пар близнаци (2004), една тројка (2006), и едно „само“ што му се роди пред нешто повеќе од една година. Освен последното, другите иако почнуваат во регуларни приватни училишта, по некое време се отпишани и префрлени во приватното училиште основано од Маск, по име „Ад Астра“.

Германскиот „град на слепите“

Марбург во Германија се гордее со тоа што е „Блинденштад“, град кој се има прилагодено на потребите на слепите и на оние со оштетен вид. Но оваа репутација се должи на едно особено иновативно училиште.

Што значи да си „присутен“ на час во ерата на Ковид?

Има добра причина за бележење на оправданите и неоправданите изостаноци од школо - самото присуство на час е дел од образовниот процес но и од социјализацијата која ја овозможува училиштето. Бројот на ученици е и основата за тоа колку вработени се потребни во училиштата и како е организирана наставата во нив. Што е со сето ова во ситуација на онлајн настава?

Баби првоодделенки

За да не дремат празни клупите во училниците, јужнокорејско училиште решава столчињата да ги пополни со баби желни да научат читање и пишување.

Екстерно на британски начин

Исламистичко училиште во Велика Британија добило негативна оценка од надлежниот образовен инспекторат откако во ненејавена посета и тестирање установиле дека учениците не знаат ниту која е премиерка на земјата ниту која е Хилари Клинтон.

Училиште без училници

Организацијата се вика Витра, а своите училишта ги опишува како "места за среќавање со позитивна и отворена атмосфера," кога на ова ќе додадеш дека се од Шведска, ситуацијата од насловот станува пологична.

Школскиот ден треба да почне подоцна

Будењето деца за на школо зимно време (во погрешната временска зона во која упорно остануваме) личи на будење јадни фабрички работници. Данокот го плаќа нивното здравје и образовниот успех. Америка мисли да поместува.

Шалом и мерхаба

Во Израел сосема сериозно се разгледува предлогот да се учи арапски јазик уште од прво одделение. До вчера незамисливо, вавиот предлог доаѓа од редовите на десничарската и националистичка Ликуд.

Долга е раката на младите

За разлика од македонските млади кои на автентичен и решителен начин успеаа да ја направат првата сериозна пукнатина во непопустливиот однос на власта, дел од американската младина мака мачи да вметне една реченица во регулативата која се однесува на нив.

Деца, не се радувајте пред време

Во пионерската лига на Канзас во САД, за третото место играа Рајли Кантри Фалконс (бели дресови) и Рок Крик Мустангс (црни дресови). Фалконите го сочуваа водството од еден поен предност, иако на секунда пред крајот не изгледаше така.

Моите ученици не знаат да разговараат

Професор од средно училиште ја споделува приказната како ги фрапирал учениците кога им најавил дека ќе почнат да учат да разговараат.

100 години женска супериорност во училницата

Како машки што уште сте на училиште (основно и средно) задачата на вашите родители е до изнемоштеност да ви кажуваат дека на вашата сестра / братучетка / сосетка сите и се 5-ки на училиште. Ваша задача е храбро да ги издржите овие напади и да им кажете дека ситуацијата од секогаш е таква.

Училишни фотографии на познатите писатели

Школските клупи само што се наполнија, се одржуваат првите родителски состаноци, а децата полека сфаќаат дека целата работа со нивното образование ќе потрае, и тоа со години. Но низ тоа мачење морале да поминат и големи книжевни умови. Еве избор од нивните школски фотки.

Да го праќаме Тодоров?

Фотографијава не е некоја раритетна "кинезштина" туку вообичаена глетка во сиромашна провинција на Кина каде на учениците им рекле освен стандардните тетратки и моливи, со себе да понесат и клупа.